Ја купив пудрата на wet n wild и целата возбудена ја пробав. Има одлична покровност лесна е многу на кожата и долготрајна. Ама и а еден голем проблем после некое време од нанесувањето е УЖАС! Стои премногу суво на лицето значи ја гледам како разделена насобрана на лицето, кожата сега ми е подеходрирана дека сменив средина на живеење ама ниту една пудра не ми изгледала толку суво на лицето. Пробав да ја нанесам со серум па крем и ист ефект. Некој совет?
Сум гледала кај блогеркиве , доколку имаат ист проблем како твојот, ставаат капка прајмер со рефлектирачки партикли за по dewy изглед или обична хидратантна крема и со тоа ја ублажуваат пудрата.. Не знам, можеш да пробаш
Пробав и со прајмер исто скроз, а малце ако се чепнам се прст ми останува како отисок, за џабе фрлени пари изгледа. На почеток нанесена изгледа преубаво, плус не свстнувам ич ама џабе многу одвратно ми изгледа лицето после 1 час...
Совет како кога ќе ставам пудра по еден саат да не ми се познаваат/оцртуваат толку овие линии? Гледам да не нанесувам многу пудра во тој дел за да не се насобира пудрата, ама џабе, како вдлабнати линии испаѓаат, а далеку од старица сум
Може да е и до самата пудра. Мене вакви линии ми се прават од сите пудри на Макс Фактор, без разлика што и да нанесам како подлога или фиксатор. Едноставно до формулата е, или одговра или не.
Да и неможам да ти опишам колку ужасно ми изгледа лицето после 1-2 часа и ако нанесам плус бронзер/руменило како флеки изгледа не рамномерно се нанесува... На почеток нанесена е совршена дури со Double Wear на Estee Lauder се споредува ама после ептем ја суши кожата.
И јас ја земав, кај мене па наопачки, колку повеќе ја носам - толку поубаво ми изгледа лицето Јас ставам кремава одоздола, малку помрсна е ама убаво се впива. Мислам, не е мрсна, ама онака, го освежува малку лицето после ставам прајмер, само на T-зоната, ако не заборавам или ако имам време, во последно време тешко ми иде станувањето наутро . И терам. Ептен ќејф ми прави пудрава.
Девојки, јас не знам дали е до подлогата, или јас имам толку специифична кожа. Пудрии од макс фактор ич не ми одговарраат, три сум испрообала. Каттрис матот со пумпица која сите ја фалат е убава но многу ме исфрла,хелти микс ми е за нигде, менхетен хидра серум е многу лоша се лепи и покрај камена и покрај се... Летно време бб крем од гарниер ми врши работа но зимно.. Инаку имам комбиниррана кожа, суви образи со флеки од акни. Е сеа loreal infallible ич не ме исфрла што е супер но денски многу суво ми делува и ко да несе размачкува, одблиску се гледа пудрата и делува грдо и уморно, можеби е до подлогата, користам la roche toleriane ultra хранлиива и малку помасна за да не ми ја пресуши кожата, но ете пак изгледа неубаво... Совет ?
Ја користам на Лореал и транслуцентна одозгора, на другиот дел од лицето е супер ама браздиве кога ќе излезат - 20 години постара сум. Ќе пробам и со друга пудра штом така
И јас имам сличен проблем со истите пудри кои ги наброја, со единствена разлика што дури и Инфалибл од Лореал ми е иста како пудрите на Макс Фактор. „Проблемот“ го решив со тоа што менувам крема во зависност од годишното време, а пудрата ми остана иста. Ја користам Ревлон Колорстеј за комбинирана и масна кожа. Сум спомнала неколку пати дека ова е мојата совршена пудра, па често менувам само креми за лице. Во потоплите периоди ја користам Балеа гел-кремата во плаво-тиркиз пакување. Одлично матира и одлична ми е како подлога за пудра. Има и серум од оваа линија - можам истото да го кажам и за него. Меѓутоа, сами по себе не ми се доволно хранливи и не ги користам како замена за дневна/ноќна крема, туку само како подлоги за пудра. Во зима „најверно другарче“ ми стана кремата на Алверде со роза. Има и ноќна крема (и неа ја пробав, ама не како подлога за пудра) и таа ми е одлична. Инаку имам комбинирана кожа, со изразено масна Т-зона, нормални образи и суви делови кај брадата и подочниците. Комбинација од соништата. Не мора да менуваш пудра, само пробај смени ја подлогата. Можеби ќе забележиш разлика. Јас иако избегнував креми за сува и нормална кожа, сепак на крај спасот го пронајдов кај нив. Ептен ако имам некој период кога Т-зоната ми е ужасно масна, користам база/прајмер (каква ми се наоѓа по дома, таква). @ванилала пробај прво смени ја кремата што ја користиш под пудрата. Можеби со некоја друга која ќе биде без силикони нема да имаш таков проблем. Ако не бидува, тогаш размисли за пудрата. Ама прво пробај со кремата за секој случај. Или земи го измазнувачкиот прајмер (розова амблажа) од Гарниер, можеби ќе ти помогне да не ти се разлева пудрата.
Ти благодарам.Околу кремот со роза на алверде, дали е наменет и за чувствителна кожа? И која е цената?
Да, баш за таков тип на кожа е и наменет - сува и осетлива. Мислам дека е 139 денари, го имаш само во ДМ маркетите. Пофали се ако ти се допаѓа, јас сум навистина изненадена од кремата.
Не, не е со анти-ејџинг состојки. Измазнува и ги пополнува порите. Тенка розова тубичка е, околу 400-450 денари беше во ДМ мислам, не се сеќавам. Ја има подлогата и во Зегин, таму секако е поевтина ама навистина не ја знам точната цена.
Се надевам дека ќе се покаже добра.Кога ја пробав убаво се размачкува и покривноста и е убава не е многу јака така средна покривност.Не е тешка пудра,мазно и хидрирано го прави лицето што е добро за мојата сува кожа.