Баш само овој дел во последно време почна да ми се лупи вака,,не зна дали е од пудрата или од нешто друго. Само овој дел изгледа вака ужасно. Дали на некоја и се случило и и како го решила тоа? Благодарам
Како совет, само на тоа место стави помрсна крема, почекај убаво да упие па потоа нанеси пудра. И прави си редовен пилинг на лицето. Секако може да зависи и од пудрата, ако не одговара на твојот тип кожа
Не е од пудрата, ова е сувост. Сува ти е кожата и јас не ти препорачувам помрсна крема за лице. Користи маски еднаш неделно и една крема за сува кожа ( прашај во аптека ) за два три дена ќе ти се оправи лицето. Нанесувај насабајле и навечер редовно. Инаку можеш да си правиш и пилинг.
Jас оваа би ти ја препорачала, подлога за пудра е но покрива солидно. Цена околу 190 денари, во зависност од каде ја купуваш Ако си од Скопје, ја имаш во Веро- Џамбо.
Пилинг и хидратантна крема неколку минути пред да ставаш пудра. Оние 3 во 1 мене ми се покажале најдобри, а и траат со месеци. Само не павловичева, бекутан и слично, бидејќи се мрсни и пудрата нема да ти трае. Види ја таа на Алверде од роза или зимската на Балеа мислам беше.
@Elence93 @buba4e89 @ванилала ви благодарам . Правам еднаш неделно домашен пилинг со цимет и мед. Дали има некој поефективен по продавнициве кои би го предложиле ?
Ги имам користено 3 во 1 на Гарние, Балеа и Клин енд клиар, искрено сите си ја вршеле работата. Ги користам откако ќе ја извадам шминката, за да не остане ништо. Повремено и како маска додека гледам серија.
@buba4e89 Најдов неколку опции на англиски форум, ако пробаш некоја кажи да си ја купам и јас Овие се истакнати како најефикасни за комбинирана кожа: P.S. Ако некоја ја нема во Македонија, sorry
@buba4e89 Јас имам моментално Catrice. Не сум задоволна, ми се појавуваат лишаи на кожата - премногу ја суши. А челото исто си останува мрсно како со масло намачкано. Мене лично вака ми делува на лицето.
Ја земав Аир мат на Буржуа, океј е, ама пудрава има одвратен мирис!! Како на киселина за чистење веце мириса мајке ми
Девојки пак јас, последно користев буржоа хелти микс 52 ванила нијанса. Сега од ревлонов 150ката е најблиску до неа или? П.С светол тен имам Едит: во однос на постот погоре на @Кена Рис ја пробав таа на мејбилајн фит ми, многу е прашкаста и нема некоја покривност. Мене не ме бендиса воопшто
Избегавајте денес да идете во Дм во Сити Мол. Нема ништо останато од пудрите на Катриц а тестерите им се ужасно замачкани и фрлани. Само кај Катриц го имаше тој неред, не се осмелив да ги допрам. Сепак @Mishela ти чинам ја имаше пудрата, сакав да прашам дали се пресликува на облека?