Ја имав, но не ми одговараше (ми го дехидриташе лицето) па ја баталив. Не се пресликува на облека, стои фиксирана. Мислам дека не би требало да се пресликува и на телефон, ама не се сеќавам дали некогаш ја носев без фиксатор. Мислам дека во Еликсир беше на акција со подарок течниот камуфлаж коректор, за околу 470-500 денари. Пред да купиш провери дали важи уште акцијата. Коректорот е супер, искористи си ја понудата ако важи.
Не, мислам дека е нова. Ја купив од другиот ДМ во Центар. Би требало да ја има секаде, веројатно им била потрошена во моментот.
Вие што користите Manhatan power up matte вака мислам беше,ве молам кажете каква е, дали е за комбинирана кожа, дали трае и дали е тешка? Исто така ме интересира за IdealIlumi на Ингрид чинам @Rose96 ја имаше или се лажам? Од само пробување на рака оксидира.
Да ве известам сите, дека пудрата се покажа како една од подобрите кои ги имам користено. Мене ми е супер, ја тестирав 3 дена, издржува одлично, лицето е свиленкасто а под неа имав Биодерма хидра крема и ништо друго. Ја препорачувам за комбинирана и масна кожа
И јас не ја најдов...бев во Гтц, битпазар и Веро-центар. Останува да проверам во другото Дм во градски ѕид од каде што купила Мишела, ако ја нема ќе чекаме. Ако ја најдеш пиши одма Купив една друга од Алверде но не ми одговара баш, среќа беше евтина.
Женски сестра ми ми ја подари течната пудра на Клиник за роденден ама ми ја утнала нијансата за две потемна дајте ми препорака за некој добар продукт со кој што би можела да ја осветлам
На Катрис има затемнувач и осветлувач, само што не памтам колку им е цената. Производи од Катрис можеш да најдеш во Еликсир и ДМ. Еве како функционира, се меша пудрата со осветлувачот во сооднос 1:1. Сепак тоа е индивидуално, ќе си видиш по тебе каков сооднос би одговарал за твојот тен.
Имаше и од Алверде нешто слично за осветлување како ова на Катрис. Провери во Дм дали сеуште ги има, цената не беше повеќе од 200 ден.
Искуства со пудрата на макс фактор фејсфинити..Дали е за комбинирана кожа, покривноста добра е и дали се пресликува на облека, телефон..?
Имам 22год до сега имам користено само Малена. Супер ми беше ама дали дека мн. време ја користам немам убав ефект. Имам само белеци од брунчиња, без акни може ли да ми препорачате убава пудра која мн важно ми е да ми го измазнува лицето? Имам мрсна кожа, цена небитна
Има многу пишувано на темава за фејсфинити. Пребарај со помош на правоаголничето горе лево ќе ти излезат еден куп мислења.
Девојки ве молам дајте предлог за пудра која нема мат ефект, сакам да има natural glow, со medium coverage за комбинирана кожа. До 1000 денари
Разгледај во темата "Вашата шминка низ слики", многу девојки ја имаат користено таа на Bourjois, за да го видиш ефектот на пудрата
@buba4e89 Ideal Lumi кратко ја користев дека пресветла ми беше нијансата. Пудрата е добра има средна покривност и изгледа баш убаво на лицето ама тебе мислам дека мат верзијата повеќе ќе ти одговара.