Менувам козметика и ќе се ориентирам само кон еден бренд, одлучив Artdeco да е. Пудрата high definition ми е новото најдобро другарче. Оставам тешки пудри позади себе а оваа е толку лесна, нежна на лице ко крема да нанесуваш, не пудра. Не е толку долготрајна како потешкиве да не светиш и по 10 часа, но сјајот што го има лицето по 6 или 7 часа отприлика е нежен и ненападен. Не е cakey, добро изедначува и дава прирoден изглед. Ова од први впечатоци, се надевам нема да се разочарам со тек на време.
девојки знаете ли некоја пудра за сува кожа,прв пат се соочувам со сува кожа обично имав мрсна и користев мат од римел но сега ми стои многу лошо како во прав се прави на лицето незнам дали ме сфаќате,сакам некоја за кожата да биде убава,мека
Пишува -за чувствителна кожа, по мое тоа е повеќе за сува? Мислам дека за мастна нема да одговара, јас имам комбинирана, зимно време повеќе сува, па ок ми е.
Редовно при промена на сезона лицето ми претрпува некоја промена. Ја користев долго време Bourjois 123, но во последно време ми делува многу прашкасто на лицето. Catrice hd ми стоеше недотрошена, ја пробав ама кожата едноставно не ми ја прима. Имав и речиси полна тубичка од Essence camouflage, исто ужасно ми изгледа, се двои и стои на побршината, а т-зоната изгледа cakey. Пробував да ги мешам пудриве со малку прајмер и малку крема, ама не помага. Инаку редовно правам пилинг и го негувам лицето. Извинете на долгото интро прашањето ми е дали може да ми препорачате пудра која е трајна, со средна покривност, за нормална/ комбинирана кожа која од ладното ми е малку дехидрирана, а да не изгледа прашкасто? Фала
Дефинитивно штом станува збор за нормална/комбинирана до сува кожа, пробај ја Bourjois Healthy mix. Јас сум презадоволна и со покривноста, трајноста и изгледот којшто го добивам со неа.
Некој да ми помогне? Пудра што ми беше идеална е Сега ја имам оваа добра е но не како горенаведената. Но немало да се продава веќе. Сега што? Значи пудра ја не можам да најдам. Пори имам. Мрсно и суво лице. На носот лушпи ми се праи. Предлог замена? Спасувајте ме.