@SunnyGirl2 новото пакување на пудрата е ова. Не знам дали и формулата е сменета, но вчера ја пробав на рака и бев воодушевена од покривноста.
Да,790 денари.Не знам дали ми се причинува ама како да ми се намалија црнките откако престанав да ја користам Ревлон.
Ја користев јас пред две години. Тогаш беше без пумпа. Ми беше одлична само нијансата ми беше пресветла поточно 220. Си ја купив пак само сега ја земав 240. Немам проблем со неа, баш ми е ок.
И јас немав проблем со таа без пумпица,новава освен пумпица и состав има сменето веројатно,дискутиравме и претходно низ темава
Извини, немам забележано, Ќе ја пробам ама мислам дека е истата. Кога беше блек фрајдер во Космо иако не беше на попуст од неа немаше останато баш многу. Ама Космо претеруваат со цените.
Ја има во Космо , ДМ , Еликсир скоро секаде по парфимериите Јас ја имав пробано и освен тоа што ми оксидираше , ми стоеше како маска на лицето , не ми се допадна воопшто. Пробај ја , има тестери. Знам дека е наменета за комбинирана до мрсна кожа Цената е околу 900 денари а за таа цена има подобри пудри
Ја користев лани и не бев нешто многу задоволна. Ако имаш сува кожа особено не би ти ја препорачала. Кога ја ставав кожата ми беше ко исушена и покривноста не ми се свиѓа. Јас општо на пудрите на макс фактор не сум некој фан, ниедна не ми се погодила.
Дали и вас исто ви оксидира пудрава? 10 минути откако ќе ја нанесам ми станува за нијанса потемна. Сакам да ги купам капките за осветлување што се, ќе се реши проблемот или да не трошам за џабе? А многу ми се погоди пудрава. Трајна, покривна, не ми ги истакнува сувите делови на лицето, не ми се прави како разредена кај носот и челото и ми мириса убаво. Значи се што барав кај една пудра го најдов кај оваа само нијансава некако, ја имам најсветлата а ми дели многу. Чаре?
И јас се двоумам за таа од фармаси последно козметичарката ме шминкаше со таа пудра и фино изгледаше. Но не можам да се одлучам која е подобра ревлон или таа од фармаси ?
Diorskin ми се познати дека не се толку покривн , 2 пробав и онака ко за секој ден ми се многу натурал
Да јас ја користам секојдневно, покрива супер ама не е нешто многу трајна според мене , а јас имам масно лице и пудрава е баш за тој тип кожа. Единствено што ми се допаѓа е тоа што ако имаш пори не се познаваат многу со пудрава.
Денес ја земав Bobbi Brown stick foundation од Анабела во сити мол. Мало стикче налик коректор ама лесно се размачкува и има добра покривност. Одговара на сите типови кожа. Скап е,3200 ден, ама треба подолго да трае. Ќе пишам да ви кажам како сум задоволна.
Женски сте ја користеле ли течнава мат пудра од авон и искуства ако може. Сакам да ја нарачам ама не сум користела до сега нивна пудра, па на два ума сум. Ви благодарам
Јас ја користам и си нарачав уште една. Имам умерено масна Т зона и не е многу мат пудрата знае за 2 саати да ми се замасти челото бидејќи не користам прајмер ниту камена пудра, со средна покривна вредност е. Доколку сакаш пудра со појако матирање и доколку имаш потреба од јака покривност не ја нарачувај. Инаку мене ми се допаѓа и ја користам бидејќи е лесна и во составот има алое,камилица,лаванда и провитамини на витамини А и Е (бета каротен и токоферол), а најбитно ми е што не содржи алкохол и во никој случај не ја иритира кожата.
Јас ја имам ревлон и некоја членка кажа дека можеби е сменет составот. Вчера ја ставив и ми траеше цела вечер + мислам дека не е сменет составот. Што се однесува до таа на фармаси и мене ме убедуваа дека е добра ама пак не ми е веродостојно,штета што нема тестери.