Совет за подлога пред минералната пудра на Алверде? Гледам дека доста од феминките првично стартувале токму со оваа минерална пудра, па еве би следела ваш пример, бидејќи долгу време планирам да се отргнам од течните. Меѓутоа се мислам за подлога. Со оглед на моето минато со акните, имам препорака од дерматолог да ставам Avene: Triacneal Expert крема, па незнам дали уопште би ставала некоја подлога или директно минералната пудра? Совети?
Сеа се збунив. Старото пакување изгледаше вака Ако е замена за оваа пудра, тогаш ова што го видов на видеово е крш, не би земала. А баш мислев дека си ја најдов совршената пудра.
Не сакам да те збунам, мислев баш ќе помогнам ако не е истата пудра, игнор на видеово и пробај си од тестер најубаво или прочачкај на нет )
Фала. Најдобро со тестер ќе споредам. Иначе баш се разочарав кога ми кажаа дека ја нема. First world problems.
Дали некој ја користел пудрава, па да сподели искуства ? Сакам да престанам со тешките, штетни пудри, па пребарувајќи на гугл оваа ја најдов. Или некој да ми предложи други органски пудри ? Благодарам
Јас ја имав пробано на Др.Хаушка ама таа во црната опаковка , покривноста е добра , бојата 01 ми се погоди , ама за жал не е трајна за мојава мрсна кожа. Инаку и јас сум во потрага по органска пудра за мрсна кожа. Можеби да пробам на тесрер нeкоја на Lush..
Која нијанса од новата Мејбилин 18ч. е светла со жолт подтон? Првата можеби? Бев во ДМ и на светлото не можев да се решам.
Ја користам loreal infallible 11 vanilla и супер ми легнува на лицето и од покривноста сум задоволна.. Ама денски кога ставам насабајле за на факултет значи вратот жолт лицето розево, не ми се случуваше вака бар не кога сеуште бев со малце боичка од одмор и ке ја помешав со гарниер бб кремот топ нијанса добивав ама сега на ништо не личи, дали чаре да барам во тие осветлувачките капки од алверде или џабе ке е бидејки мислам не е до нијансата туку до подтонот.