Лаш немаат органски пудри мислам. Составот е катастрофа, барем на онаа која јас ја гледав пред некој период. Немаат баш избор, подобро Алверде или онаа од Дебора ако сакаш да ја пробаш.
Мислев на оваа , но и Биодевојка ми рече дека составот не е ок. Баш вчера гледав едно видео што го има поставено Биодевојка на нејзината јутјуб страна , испробуваше новa пудрa и коректор на Алверде , па баш тие ќе ги пробам. Да ти кажам најдов соодветни природни работи што ми одговараат на кожата и наредно би сакала да најдам и соодветна пудра , но за жал тешко некако.. Најдов и овде кај мене во Гр некои био пудри , ама ги нема во мојот град а треба да порачувам , но не сакам да земам нешто без да пробам во врска со нијансата. Ќе пробам и на Алверде па ќе видиме
Кој број од Кетрин Арли камената ке ми одговара на Ревлон 150ка течната?може малку потемничка да е зошто ревлонот малце бледуњава е
Женски, со каков подтон е оваа пудра? Секаде читам позитивни реценции за неа ама не сакам пудри со розев подтон па уште тоа да прашам пред да ја купам .
Мислам дека скоро сите пудри на Rimmel имаат жолт подтон. Речиси сите кои сум ги пробала на лице изгледале жолто-портокалови (не во лоша смисла, секако), па ако ти одговара жолт подтон, би ти се допаднала. Само мислам дека немаат баш некој голем избор за девојки со светол тен, барем мене секогаш најсветлата пудра на Rimmel ми е нијанса до две потемна од природниот тен.
Супер, сакам пудри со жолт подтон, а и за нијансите не е проблем, не сум многу светла. Само уште нешто да те прашам. Јас имам мрсно чело, а останатиот дел од лицето ми е комбиниран, со суви делови . И останатиот дел од лицето ми е убав со пудри за комбинирана кожа, а челото после одреден период свети што и да ставам. Прајмер не користам, ставам Fleurance кремата половина час пред да се шминкам. Ако си ја пробала пудрава, а мислам дека имаш мрсна кожа, дали брзо светнува?
За жал ја немам користено баш поради тоа што не можев да си најдам соодветна нијанса. Мислам дека е погодна за комбинирана кожа, а за Т-зоната употребувај пудра во прав за да го сетираш тој дел од лицето и шминката би требало да трае подолго. И јас не користам прајмер за секој ден, само во Т-зоната нанесувам секогаш обична камена пудра и по потреба ставам фиксатор.
Дечки дечкииии, дали ја има кај нас? Би требало да е нешто ко Хелти Микс, ептен ми се напраи мерак да ја пробам.
Ми треба хелп од вас.. За нареден пут да не се зезнам пак вака, имам комбинирана т зона и суви образи, ја користам loreal infallible mat како што имам пишано вејќе, пудрата е ок но има розев подтон што многу ми смета особено денски. Давајте предлози, искуства?
Јас ја користам и многу сум задоволна. @Mishela е целосно во право со сѐ што напиша во врска со пудрата . Јас имам комбинирана до сува кожа и обавезно на Т-зоната матирам со транслуцентна пудра и немам гајле 10-12 часа. Ја препорачувам, не е воопшто тешка, долготрајна е, многу убаво лежи на лицето, преубаво мириса и што е исто важно, budget friendly е
Има ли нешто како колор коректинг али жолто? Никако да си го погодам подтонот, имам две нови пудри и се некако портокалови, не темни, туку лош подон. Имам блед жолтеникав тен, нешто како true ivory od rimmel.
Јас таа нијанса што ја користев имаше розев подтон, ако немаш што да покриеш убава е ама не е трајна и не е некоја со wow ефект. Малку го суши лицето, сега не се сеќавам баш ама за секој ден е ок. После кога ќе почне да ти се мрси т-зоната се чувствува.
Жолт подтон има пудрава , одговара за комбинирана кожа. Многу лесна пудра, ако си ја погодиш нијансата, воопшто и не се познава дека пудра имаш ставено, баш природно изгледа на лицето. Одлична е за преку ден, но ако сакаш голема покривност не би ти ја препорачала. Не ја суши кожата, барем не мојата, но не е многу долготрајна.
Прилично покривна и трајна пудра, наменета за комбинирана и мрсна кожа. Малку е потешка, не е баш за дневна шминка, ама сепак мене ми е една од омилените пудри.
Новата пудра на Мејбилајн Суперстеј ме изненади позитивно,нијансата е 28 скоро како мојот тен (веројатно со жолт подтон не ги разбирам многу).Рано е да ја фаламДва пати до сега ставив ама по покривност може слободно да се спореди со Ревлон дури и многу подобро ми изгледа,не знам дали лицево ми се презасити од РевлонотСтавав по два тенки слоја со четката на ГР,а крема за лице на Алверде.Моментално и Т зоната не ми се мрси,немам потреба од камена или во прав за фиксирање.Оксидира по неколку часа,ама не се забележува многу и мене не ми пречи.Се надевам само дека нема да ми се исфрли лицето,од тоа ми е најмногу страв кога експериментирам со нови производи за лице.
Може ли да ми препорачате пудра за супер масна кожа? Ве читав, ве читав ама не се разбирам многу околу пудри затоа што одбегнувам да ги користам бидејќи секоја пудра што сум ја ставила досега на лице после 2 часа ми е насобрана и многу лошо изгледа. Ама, сега сум решена да вложам во добра пудра. Цената нека биде до 1500мкд. Секоја помош е добредојдена.