Каква кожа имаш? Јас сум многу задовола од Bourjois 123 perfect (за комбинирана/масна) и Bourjois healthy mix (нормална/сува кожа). Имаат убави нијанси и не оксидираат.
Ако сакаш мат пудри, тогаш 123 перфект, а ако не ти смета да има малку сјај тогаш земи ја хелти микс.
@Antebellum 123 perfect земи си ја , од таа хелти микс на дел од кожата кај што ти е масна ќе светнеш за брзо време
Ако сакаш нешто полесно, погледни ја ЦЦ кремата на Боржуа. Мене ми е омилена замена за пудра. Покривноста е одлична, има некој полумат финиш и не сјае. Пробај ги во Космо и види која повеќе ќе ти се допадне, ама за кожа со масна Т-зона и двете се супер.
@Antebellum нема проблем. Јас сите пудри на Буржуа ги имам користено , таа 123 перфект може 3-4 пати ако ти беше помасна кожата ќе ти ја спомнев и Аир мар да ја ѕирнеш , бидејќи нијансите се каде каде по жолти и по портокалови ама па да не ти ја пресуши кожата. Вака најдобро таа 123 перфект , ете заборавив и за цц кремата од истава линија можеш да ја видиш , таа е нешто полесна од пудрата
Ич не ми се свиѓа, полоша пудра од оваа ми била само Maybelline Fit Me. Стварно мејбелинот беше катастрофа на толку фалење кога ја ставив ми се плачеше. Така и оваа на wet n wild тука негде е, добра ми е само првиот саат после тоа сакам да се убијам. Ај барем еден саат ми е ок, другана на нанесување ми иде да плачам Не знам до што е, имам сува кожа и не ми светнува лицето никогаш само фотофокусов ми станува буквално како масло на лице после саат време носење и сегде се собира
Bell е нова т.е од летоска ја користев и сум презадоволна и на +30 и на дожд не ми мрдна и покрива мислам дека накај 400 и нешто беше цената не ме држи за збор.Мис Спорти е мат и држи до кај 14 часа.Една недела ја имам и од нејзе сум задоволна. Јас за сокривање немам ништо освен круговите околу очите кои ги покриваат до 98% отприлика.На Мис Спорти околу 200 и нешто е цената.И двете покриваат лесно се нанесуваат и лесни се на лице многу.Не ги ни чувствувам. EDIT: еве слика од Bell *Ај некој од модераториве да ми делитне 2 слики истите се не можам да ги тргнам
@kim.k Мене пак пресуво ми изгледаше и не ни сакав да ја користсм сега нанесувам по мрсна крема па подобро изгледа. Не ми е меѓу омилените, ама многу добра покровност има дури и со Estée Lauder на почеток нанесена можам да ја споредам за тоа како изгледа на кожата. Инаку таа од Maybelline Fit me е дефинитивно ужас па ја мешам со Rimmel Lasting течната пудра и не можам да ти опишам колку добра комбинација се.
Дајте предлог добра пудра за нормална кожа? Некоја лесна,ама покривна и со нормална цена да не ми е прескапа.
Предлог пудра за мрсна и проблематична кожа со акни и црвенило? Значи да биде покривна, но не до степен да го цементира лицето.
Мене ми станува ептен мрсна, не знам зашто само таа така ми прави. А фит ми со сите пудри ја имам измешано и пак ми е ужас, се откажав веќе
Не би ја препорачала за проблематична, бидејќи ќе и го суши лицето и ќе и направи проблем. Пудрата е густа и може да и одговара за мрсниот дел ама за проблематичниот и не баш. Инаку перфект 123 оксидира, може кај светлите нијанси не се забележува,но кај темните има разлика. Исто е и со air mat.