1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Jа има во Јуник во центар и чини 360 денари. Јас вчера бев да си купам пудра и мене Деби со мат ефект ми беше премногу сува. Пудрата е многу покривна но мене не ми одговара на кожата (имам нормална кожа, мрсна во Т зоната).
     
  2. losa-sreka

    losa-sreka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2

    И јас ја користам оваа пудра и навистина е супер, сменив милиони и какви се не но од оваа сум најзадоволна, а не е ни скапа :)
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.233
    Допаѓања:
    81.785
    Пол:
    Женски
    Јас деновиве бев во Скопје, ама изумив за пудрата :^)
    Мање битно, сега да ве прашам за оние од серијата на Дебора - Колор копи, од која сте најзадоволни? Пошто гледам ги има повеќе, а ме интересира која е најпогодна за комбинирана кожа а сепак да не е крем варијанта бидејќи од таквите ужасно ми свети лицето и (скоро) ништо не ми покриваат :@ и нема да биде лошо да напишете како се движат цените :) И фала ви однапред!
    [​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    ме интересира оваа розевата, овие зелениве сомнителни ми се - пишува крем пудра, па се прашував да не се слични со оние полесните како на пример Делине, aма нема да биде на одмет ако напишете искуства од/за сите горенаведени 8)
     
  4. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    За пудрава знам само дека е околу 610 денари. И мислам дека зелената е за комбинирана кожа (ама не сум сигурна)
     
  5. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    јас ја имам зелената од колор копи за комбинирана кожа е ја купувам зависно од парфимериите зборувам за струмица секаде е различно инаку 630 ден ја земав и не е крем пудра туку има голема покривност немаш потреба од коректор и не се секирај нема да ти светне лицето јас веке две паковања сменив многу сум задоволна имам светол тен ја користам 1 и не ми се разликува од лицето воопшто доколку си во двоумење прочитај во горните постови и за менхетен црната тубичка што е и таа е добра за мрснакожа но јас не сум ја употребувала оваа пудра од дебората сум презадоволна и не ја менувам.
     
    На ANELIJA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.233
    Допаѓања:
    81.785
    Пол:
    Женски
    Црната на Менхетн мислам дека не е за мојата кожа (мрсна ми е само т-зоната), а оваа на Дебора се надевам ќе ми ги задоволи очекувањата. Е сега факт е дека не ми се даваат толку пари за пудра, бидејќи ми траат кратко (ко да ги јадам), ама сепак лице е, шубе ми е да го мачкам со овие моите миксови од Импала и Делине. :D Ајде во понеделник ќе ви кажам што сум направила со пудриве, душата ви ја извадив - де оваа, де онаа , извинете уште еднаш, огромно благодарам и фаќајте пољупци од мене :*
     
  7. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    И јас имав таков проблем со т-зоната и ја купив на дебора 24ore prefecti ми е убава, пробај и со таква :)
     
  8. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.896
    Допаѓања:
    24.165
    Пол:
    Женски
    Сум ги имала и двете пудри, одлични се и двете според мене.
    Таа со зелено капаче, што пишува за нормална до мешана кожа е малку полесна ама одлично стои , не изгледа многу натрупано на лицето, а сепак покрива (јас лично имам мрсна кожа, со акни, лузни од акни и остале ствари |( ).
    Mој фаворит од двете е втората - "nude perfection".
    Густа, убава пудра со голема покривност и е за сите типови кожа.

    Ако имаш мрсна кожа, со „несовршености“, која и да ја избериш нема да згрешиш, сепак јас малку повеќе предност и давам како што пишав погоре - на втората .

    Цената мислам дека им беше отприлика околу 680 денари.
     
  9. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Ја користел ли некој пудрава? да ми каже дали е убава, дали покрива за да знам дали да си ја порачам.
     

    Прикачени фајлови:

    • 20386_1.png
      20386_1.png
      Големина на фајлот:
      163,5 KB
      Прегледи:
      222
  10. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.796
    Допаѓања:
    18.594
    Пол:
    Женски
    ЈАс ја имам и ја користам за преку ден,не покрива воопшто,како кремче е само го изедначува тенот.Ако бараш оудра што покрива не ја земај
     
  11. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Тогаш не ја порачувам, фалати многу :) позз
     
  12. tallyweijl

    tallyweijl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    35
    ^
    значи пудрите на орифлејм ич ама ич не се добри,за другите производи не знам ама со нивните пудри имам лошо искуство.пред 2-3 години знам користев една visions се викаше,не знам дали уште ја има,од кога ке се намачкав после 1 саат лицето ми беше ко некое дете да мачкало со темперни бои по мене,значи такво шарено на повеќе места пудрата соберена,на места без пудра...таква е баш ко кремче,ништо не покрива и после тоа малце пудра шо има во неа се праи грутки по цело лице :|
     
  13. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    63
    2-3 години ја користам time plus од seventeen, ама сега брзо кога ја купив некако ми е изменета за разлика од порано (мислам на полошо), не ми покрива некако. Сакам да ја сменам ама уште се немам одлучено која да ја користам, имам нормална кожа, само што понекогаш во Т-зоната ми е мрсна
     
  14. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    сакам да ве прасам како избирате нијанса од дерма бленд пудрата на виши значи во ниедна аптека немаат дестер или не сакаат да дадат казете ми од каде да најдам тестер или како да ја изберам нијансата со години ја користам ревлон колор стеј 180 санд нијанса
     
  15. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Девојки ако може да ми кажете тие што користите четка за нанесување на течна пудра која е разликата кога ја нанесуваш пудрата на лице со четка за разлика со прсти бидејќи гледам сега повеќето со четка ги нанесуваат па се мислам дали да си купам ако има некоја посебна разлика.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.233
    Допаѓања:
    81.785
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и нема некоја којзнае каква разлика, мене тоа со четките безвезе ми е стварно, подобра ''четка'' од прстите има ли? :D
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Одредени работи подобро се покриваат со четка. :)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    течната пудра е најдобро да се нанесува со прсти,затоа што прстите имаат топлина и полесно се разнесува и се размачкува пудрата низ цело лице!коректорот се нанесува со четкичка само на ,,критичните,, делови и нормално пудрата во прав со четкичка!имам четки ама не си користам за нанесување на пудра и плус имам пробано една пудра со четкичка на неа ич не бев задоволна со четката , па пак се минев со прсти!
     
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Јас пак имам четка и никако со неа неможам убаво да се размачкам :worried:
    Може е поубаво со четка ама не бива...
    Кога бев еднаш на козметичар за шминкање, таа ми рече дека не требало да ја размачкувам пудрата туку само да тапкам со прстите по лицето и така подолго ќе стоела :?:
     
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Како што реков одредени работи подобро се покриваат со четка, не сите!

    А раце кои не се претходно измиени и те како не се добри за нанесување пудра. Тој момент го фрла во вода сето тоа со топлината на прстите.

    Поубаво е да се тапка пудрата, затоа и такви четки се подобри, меѓутоа кај нас не сум видела до сега.
    А кога станува збор за нанесување течна пудра со четка, на критични места како на пример кога бубуличка се тапка со четка поубаво е покривањето.
    Прстите некогаш знаат да бидат премногу тешки за таа намена.