Благодарам на идејата, не сум ја пробала ББ на Гарниер. Јас ја користев на Биотен ЦЦ со малку камена врз неа и добра ми беше, само ме нервираше тоа што во допир со вода буквално се цедеше во некои бели капки А некоја од пудрите на Алверде за сува кожа, ако ги имате пробано? Би ги препорачале?
Сите пудри (освен таа mattyfing make up) одговараат за сува кожа од Алверде. Има една во стаклено шишенце со црно капаче , пробај ја на тестер , јас како што ја видов беше ептен лесна
И јас ја обожавам Биотен ЦЦ кремата, многу убаво ми стои на лицето, ама ист проблем имам со белите капки, бидејќи очите доста ми солзат од алергии. Ај некој што ги користел двете нека каже дали и Гарниер ББ кремата го создава истиот проблем?
Јас немам користено ББ крем Spoiler не знам ни што е Дали е траен во смисла да ми стои цел ден/вечер? Пошто гледам на @Luminary се цедел во допир со вода, а како што е топло кај мене на работа си велам да не ми се деси нешто такво од потта?
Не не, јас зборував за ЦЦ кремата на Биотен конкретно. А други ББ креми не сум пробала. Инаку @koritsaki ти благодарам.
Покривна е , ама не е баш за комбинирана-мрсна кожа.Освен да пробаш да ја сетираш со пудра во прав. Јас ја користев , а имам масна кожа ама не ми одговара
Јас не знам зошто ја фалите ББ кремата од Гарниер мене искрено не ми е ништо посебно. Мене повеќе ми одговара ББ кремата од Авон за мрсна кожа , за парите стварно е супер.
Гарниер ББ не го прави тој проблем. Зборам за таа во долга тесна туба (за комбинирана до масна кожа). Но мене ми оксидираше на лице по некое време, добиваше портокалова боја, е тоа сега може само да е случај со медиум нијансата, не знам...
Ќе ја чекам на попуст, да не ми биде криво. Инаку јас сум прилично бела, дури и светлата нијанса од Биотен ми беше малку темна, ама се корегираше со камена.
Покривна , мат пудра, за сува кожа? Ја користам Manhattan црно паковање, али више не можам се презаситив ми треба некоја покривна, а и светам после извесен период од секоја скоро Римел само не ми ја предложувајте
Bourjois healty mix , мене ми ја препорача една феминка и не зажалив што ја купив, за сува кожа без крема одоздола и таман ми е, и покривна и лесна и се
Женски ајде ве молам кажете добра пудра за мноооогу сува кожа. По читање овде ја земав Римел со црвеното капаче и супер покрива но кога оксидира ептен мава на портокалово, а не е таква нијансата. Ни продавачкиве во парфимерија не знаат некоја друга пудра за многу сува кожа. Не е битна цената. Фала.