Јас си ја купив Дебора nude perfection, и да ви кажам искрено се заљубив уште при првото нанесување! Толку малку ставив, а колку ми покри, се зачудив дури Инаку имам пресветол тен, така да дури и двојката ми беше темна, а кецот ми е таман по мерка, дури и тенот ми е поубав. Еве и сега се гледам во огледало и си велам - ауу Мишела јеси ли то ти детска радост тоа ти е, ама стварно сум среќна пошо долго време само утки од пудри ставав по лицето и конечно си ја пронајдов вистинската пудра. Е девојки, фала ви препремногу за искрените одговори! (се надевам дека нема да ми се исфрли лицето и горенаведеното да падне у вода! )
браво за мене темава шо ја гледам после 2 години инаку за мрсна кожа НАЈДОБРА , НАЈКВАЛИТЕТНА И СЕ ПОКРИВА , пудра на менхетен во црно паковање , кој ќе ја купи нема да се зезне со сигурност на сите што сум им ја препорачала ми се благодарни , јас лично мислам дека никад нема да ја сменам поззззз
Стварно? Толку е добра? Јас си јакористам Revlon ама сакам да сменам. Ај ако може поконкретно за типот на пудрата, цена, сликичка...
погоре видов дека има напишано за bourjois healty mix...а го користел ли серумот некој?? и која цена е ?
Јас долго ја користам revlon colorstay и сум многу задоволна,за моево мрсно лице е одлична само некако сеа како затоплува времево ми станува се потешка и потешка затоа што сепак е густа....таа на менхетен каква е ? премногу тешка или не ? сепак за пролет и лето ми треба нешто полесно,да не се приметува многу на лице.....
^^ Ако сакаш малку полесна пудра, а сепак да покрива и да е за мрсна кожа , ти ја препорачувам оваа, нема да згрешиш.
Денес купив Делине, да ја пробам ми се потроши пудрата и се разочарав.. изгледа требаше да прочитам прво на темава добра е за преку ден, онака лесна, ама за навечер јок. Нова треба сега пак..
Сакам само да ја пофалам пудрава,навистина е одлична...лесна е,чуствуваш ко да немаш ставено пудра,а покрива убаво и е одлична за преку ден.Девојки нема да зажалите ако ја земете
Пудрава е убитачно добра Вчера ја имав честа да се намачкам, малку ставив, а цело лице ми го покри, многу природен изглед дава, не се 'разлева' лесно и што е најважно не е некоја да ти тежи на лице,како што имав можност да го увидам со Менхетен во црна паковка или Импала скраја било. Во Америка гледам дека е околу 11 долари, а ми кажа пријателкава дека овдека тешко и дека ќе ја има. А,и да ја има.. веројатноста нас да ни дадат се' што е шуто е преголема,заедно со цената, така да ако си имате роднини Америка, топло ви ја препорачувам
Нема некоја разлика, и двете се антибактериски.. Разлики има со другата пудра на Менхетен, црната мат што, таа е потешка пудра, а овие се збогатени со цинк, за младешка кожа склона на бубулици. Инаку јас си земав од плавите, и не сум задоволна. Лесна е пудрата, ама не покрива воопшто. Тестерот кога го пробував беше ок, а дома кога ја отворив беше мн течна
Ajде јас пак со пудрата на Деби.. Тестерот значи како што реков ок беше, покриваше а сега кога ја зедов пудрата е течна и покрива значително малку. Но одлично стои на лицето, лесна е, за преку ден е супер и што е најважно кога си доаѓам дома уште ми стои пудрата, што не е случај со некои други пудри, кога ќе си дојдам дома ни П од пудра.
^ зависи која си ја земала,јас ја имам деби мат перфектшн пудрава за тие пари е прекрасна,покрива,трае долго и што е најбитно не го прави лицето како цементирано...така да некој прашуваше за оваа пудра,јас ја користам и многу сум задоволна
Па затоа и пишав, зошто неколку страни наназад прашуваа за пудрата. Иначе јас тестер пробував во Скопје и се беше океј додека не ја купив овде од Гевгелија и видов дека многу е течна и не покрива доволно. Почнувам да мислам дека составот овде и таму не е ист Како и да е мене ми е добра бидејќи немам многу за покривање, освен во пмс, но ако имам прилика следен пат од скопје ја купувам * Сега видов јас ја имам debby mat solution. Цената се движи од 360 (Ако ја најдеш во аптека-во Зегин мислам дека ја има, но најверојатно во поголемите градови) до 480.
Може и се спомнало,ама да кажам јас пак.Деби е производство на истата фирма како и Дебора,само што е наменета за помладите,веројатно е полесна и не содржи колагени и слични работи.Подобра алтернатива ви е од Јанг дерм сра*ето кое е како паштета по боја.
батерфлај за иста збориме грешка сум напишала перфекшн место solution дека одоздала пишува perfect skin foundation и ја мат перфектшн иначе нема везе ова од кај земаш секаде е истата едноставно така ти ја прима тебе кожата помрсна ти е изгледа или крем ставаш одоздола незнам зашо така мене ми е супер пудрата имам бубулици сите до една ми ги покрива сеа зависи пак кожа што знам ...