Стои, само кога ќе почне да се мрси ќе си ставиш камена пудра и завршен проблем. Јас ја носам по цел ден на мене и над панелка знам да седнам и немам гајле. Но сепак има разлика од лице до лице. Јас ја имам лајт нијансата.
@buba4e89 кој бб крем го користиш? Јас лично бев во космо и мојот тен е светол а вработената ме убедуваше дека bb cream од garnier -light ќе ми бил светол и се попишманив да го земам...
Овој го користам, јас пред да го купам и тука и во Прага ми рекоа дека Медиум ќе ми биде темна, а Лајт ќе биде супер. Лајт не е многу бела, јас сум средно-темна во лице.
Фала ти бубаче Јас си зедов пудра, ама сакам и бб крем да пробам. Уште ако може да ми кажеш колку го зеде и од каде, зошто барав во ДМ ама не видов таков. Претпоставувам конкретно во тој ДМ немале, ама да си прашам
Јас не го зедов во Мк туку во Прага - лани за време на Божиќните маркети за некоја смешна цена 3-4 евра, а овдека го имам забележано по 350 денари + - нешто, Космо, Дм, Веро, Тинекс. Е сеа долго ќе си го имате, зависи колку ќе го употребите.
преубава. Мене ептен ми одговара и цел ден да не ја извадам нема да светнам а без камена ја носам. Во космо е на попуст.
Каде го има новиот каталог на Космо? Гледам на нивната страна уште стои тој што важеше до 14 јануари. Ако сакаш постирај го
@LollySky ќе цитирам едно постаро мислење од мене. Ги имам споредувано оваа пудра и пудрата HD на Катрис. Мене ми се допаѓа пудрава многу, ја препорачувам. Може да ми кажеш до кога трае попустот? Фина ценава, само провери го рокот на траење, зашто знаат да шитнат нешто на попуст ако е при крај рокот на траење. Жив скептик сум станала во однос на попустиве.