@buba4e89 и јас моментално е користам оваа пудра. Ја начекав на попуст во dm, 10-ката беше 149 денари. Убаво покрива, плус со мааалку коректор ептен е топ. Само јас е мешам со крем, зошто ептен ми е суши кожата, ама јас имам сува кожа на лицето. За комбинирана мислам дека баш ќе ти одговара.
Е супер, сакав да пишам за подетално инфо ама ме претрка. А со нијанси како стои, ќе си направам споредби со Боржуа, веројатно не се многу темни. Благодарам.
@buba4e89, само овие три ги имаше кога ја зедов. Јас имам ептен светол, блед тен и 10-ката ми одговара, воопшто не ми дели од вратот. Другарка ја зеде 20-ката, таа има потемен тен. Еве swatches, најдов слика на интернет:
Таа 20ка темна ми е некако вака. Да не оксидира повеќе откако ќе нанесеме на лице? Ќе видам таму, а во врска со трајноста нешто да ми кажеш?
Не ја користам долго, некаде околу две недели, но досега немам приметено да оксидира. Од трајноста сум задоволна, вчера ја имав на мене од 15:00 часот до вечерта, со камена пудра и не беше мрдната воопшто, исто како што ја нанесов беше. Само малку специфична е, погуста е и треба да е нанесеш и изблендаш убаво, во спротивно се познаваат траги и линии. Пробав и со прсти и со четка, истата е, но камената ја нанесувам со сунѓерче и потоа поминувам низ цело лице со четка за камена пудра и не се познаваат воопшто линиите. @My name, убава е пудрата, има средна накај целосна покривност.
Пудрава cover and stay на Alverde мене ми се допаѓаше многу , и нијансата (јас ја имав нијансата cashew 10) , и покривноста , но понекогаш знае моево лице да биде доста масно ( поради хормонални проблеми..) што издржуваше само 3 часа и тоа со пудра (ја користев истата на Алверде , таа во прав) затоа и се откажав од неа. За нормална и комбинирана кожа јас мислам дека ќе се супер. Е сега само нијанса да си најдеш @buba4e89 , првата ќе ти е пресветла , да ја видиш 20ката. Инаку мене не ми оксидираше Едит - а пудрава е се уште во продажба? Јас пред месец дена кога разгледував низ ДМ како да не ја гледав повеќе на штандот на Алверде.. или грешам? Ако таа ја нема , можеш да ја пробаш оваа со зелено капаче во стаклено шише , и таа е за комбинирана кожа
И јас имам комбинирана кожа и оваа cover and stay после 2 часа и со камена ме светнуваше многу и ми се правеа како набори кај носот, челото, брадата. Воопшто не би ја препорачала за комбинирана и масна кожа.
Да ве прашам нешто. Дали има некоја фора како пудрата да изгледа убаво легната и беспрекорно на слики? Јас треба за табло да се сликам, имам сува кожа склона на лишаи, па би сакала да си купам убава пудра баш за сликање. Или нема везе тоа? Исто така планирав на Алверде, таа серум да ја земам.. што мислите?
Пред околу 3 месеци почнав да ја користам пудрата на Dior, Forever Perfect. Имам мрсно лице, особено Т зоната ми е баш мрсна и сум многу задоволна од оваа пудра. Доста е трајна, најмногу сум ја носела 7-8 саати, со што ја поправив 1-2 пати бидејќи носот многу ми беше светнат. Многу убаво го изедначува лицето. Покривноста се надоградува, со два слоја е висока покривност. Јас два слоја ставам на образите понекогаш бидејќи таму имам флеки од акни. Инаку е полу мат кога ја ставиш. Океј ми била и кога ја носам самостојно, но обично ставам и камена пудра на deborah, бидејќи камената подобро ми ги покрива и измазнува проширените пори. Ја користам секојдневно пудрата и ја препорачувам на сите со мрсно лице. Благодарам на @koritsaki за препораката.
Според форумов... Bourjois healthy mix Иако не би требало да ти се познаваат лишаи на слика за табло.
Девојки ај помош. Имам мрсна кожа и моментално ја користам на Аура мат пудрата, но кога ја ставам кај носот ми прави суви лушпи, па сакам да ја сменам. Ако можете да ми препорачате некоја пудра, да биде покривна бидејќи имам неколку флеки од акни.
Во Дм маркетите. Јас ја земав на попуст околу 180 ден, најверојатно цената е до 250 ден, не повеќе . За секојдневна употреба е преубава, дава свеж изглед на лицето и воопшто не е тешка.
Има три нијанси. Најубаво да си пробаш од тестер. Јас не сум премногу светла, а сепак најмногу ми одговара нијансата 01. Повели слика со нијансите 01-02-03.