Девојки, затоа што во темава често се протнуваат некои прашања околу пудрите во прав, со @black-angel и @koritsaki решивме да отвориме нова тема во која таквите дискусии би пронашле свое место. Сметаме дека на овој начин дискусиите би станале малку попрегледни, па секое прашање или искуство во врска со различните видови пудри во прав можете да го напишете токму овде во новата тема, а оваа да ни остане за анализа и дискусии околу течните пудри. Го надополнив воведот на темата, но ви пишувам едно мало известување и тука, за да можат сите членки да видат дека имаме нова тема, па да знаат каде да постават прашање или мислење во иднина.
Убава пудра е денес ја видов но не ми ги покрива жилите на лицето. И морав затоа ваква да си купам ее со здравје да си ја користам
Па не е баш најпокривна, но може со внимателно надоградување да даде средна покривност. Велам внимателно затоа што има поинаква, полеплива конзистенција и треба да се започне со помала количина, па потоа да се надоградува. Јас ја нанесувам со сунѓерче, пробав и со четка, но најдобар изглед постигнувам со сунѓерче (Аура).
Јас дефинитивно ќе ја баталам Алверде серум-пудрата. Наутро кога се шминкам немам секогаш толку многу време на располагање за да блендам 10 минути додека не се упристои пудрата на лицето. Матирам со Римел Стеј мат камената пудра, па прскам фиксатор и пак проаѓам со сунѓерче за да се сетира поубаво. И пак лепи, по целата таа процедура. Епа доволно беше, ми се смачи. На дечковци немам дадено толку шанси колку на пудрите од Алверде.
@Mishela ја сега за сега сум на првите две - една течна, една камена. Во соодветна тема коментирав за пудрите, ама генерален заклучок да дадам за Alverde The Perfect Cover Foundation & Concealer. Пукривност одлична - навистина немам зборови. Изедначен тен, нијансата погодена, не оксидира, пријатен мирис. Е има огромна маана, иако е за комбинирана кожа (мојата е комбинирана накај масна, ама недоволно хидрирана - хаос), мене лицето ми свети како лампион. Без камена нема шанси. Е сега, добив пофалби дека пудрата прави да изгледам ептен свежо и подмладено, на некоја од вас можеби ке и смета, па да имате во предвид. Пример, со катрис хд користев и хајлајтер, со алверде некако го добивам тој ефект спонтано. Со камена пудра е добра. Најголем проблем е тоа што се пресликува буквално на се. Значи телефон, блуза, па дури и прст. Пудрата како ке ја ставиш - така си стои. Не впива, не се губи, си стои и си се пресликува. Ако ме чеша носот, го чешам со палома. Во план сум да ја купам Mattifying Make-Up и Mineral Powder. Пристојна цена, органски се и со надеж дека ке се среди хаосот, ке им дадам шанса. Знам дека не е само до пудрата, многу фактори влијаат на создавањето комедони и акни, ама пудрата сигурно има големо влијание. Пример силиконот ја "гуши" кожата, и не може пудра со силикон да е подобра од оваа без.
Абе точно, не може да е подобра од стандардните пудри, тоа не го негирам. Но мене искрено ми се смачи од тоа лицето да ми изгледа „валкано“ и ми се смачи да барам органска пудра која ќе ги задоволи моите скромни барања - да биде навистина мат и да не ми се собира во борите. Дури ниту Хаушка не ми се погоди - на моето лице изгледаше како јетрена паштета, а прескапо ја платив за да биде таков крш. Сменив подлога, ма не една, туку 3 за да видам како ќе се однесува „светата пудра“ Алверде, ама пак ништо. Максимум ми трае 3 часа и тоа ептен со последните сили. Потоа лицето ми изгледа ко да сум вежбала кардио во теретана со фул шминка на себе, растопена, леплива, буквално ја чувствувам на лице како вишок. Не барам ништо повеќе од пристоен изглед. Пудрата не мора да биде ни којзнае колку покривна, само сакам да не личам на 10 години постара. Нема кај не успеа да се вовлече - де хидро прајмер од Алверде, бутури, мутури, пак исто. Епа не сум должна лицево да си го правам циркузант за само и само да носам органска пудра. Купи си Ревлон и ќути си. Алверде имаат одлична козметика, но течните пудри дефинитивно не се дел од тоа. Ги пројдов сите освен една - иста приказна. Доволно беше.
Хај! Ми треба пудра со жолт подтон, за комбинирана до мрсна кожа, и да имаат поголем избор. Користев Loreal-True match но некако не ми лежи на лицето, по еден саат светнувам на т-зоната, и покрај тоа што сетирам. Никако неможам да си погодам некоја мат, добра и истрајна пудра...и секако да не е како маска на лицето. Секој предлог е добредојден.
Јетрена паштета Ја се грижам кремата и средствата за вадење шминка да бидат со добар состав,за пудра не можам да се замарам.
Пробај некоја од Боржуа. За масна Т-зона одлични се 123 Perfect и Air Matt. Види која повеќе ќе ти се допадне, мене и двете ми се одлични, само што втората ми е потешка на лице, но и попокривна. Подтонот кај речиси сите нијанси е жолт, лесно ќе си најдеш нијанса. @kala21 На тие толку пари што ги фрлив во обид да си најдам пудра, можев комотно да си ја обновам целата препаратива која моментално ја користам. Сè од неа ми е со добар состав, ама да бидам буквално „жртва“ и да имам лице кое изгледа замастено, полно со пудра во борите само за сметка на тоа дека еве имам органска пудра - нема шанси. Порадо би имала пудра која ми прилега, без разлика на тоа дали е со добар состав или не.
Тотално се сложувам со @Mishela ^, до збор. И јас бев таква, после долго читање низ форумив за алверде давав шанси... Абе ЏАБЕ, буквално лицето и мене ми беше јетрена паштета, толку нерамномерно дури и гнасно ми стана како изгледам со пудрата на мене. Кај што светнувам после саат-два па уште и да го добивам спротивното од она што е целта на пудрата - флеките, порите акничките уште толку стануваат видливи.Попрво ќе се шетам без воопшто да ставам пудра него вака... Големо НЕ.
Да јасно ми е,ќе банкротираш и ќе се измачиш да биде се органско,за после да се прашуваат сите околу тебе што ти се случува со лицето,налет таквата козметика.Се отрувме со све друго,па за пудра ќе мислам...А за препаратива да,мислам дека вреди.
Друга пудра со голема покривност освен менхетан, ама се да покрива на лицето. Верен корисник и бев ама лицето почна лушпи да ми се прави од неа.
@Mishela, те тагнувам тебе бидејќи сфатив дека си ги користела двете пудри (ако сум јас нешто грешка се извинувам), па би сакала да те прашам за мислење, според тебе - Bourjois 123 perfect или Revlon colorstay? Имам комбинирана кожа (понекогаш ми се масти Т-зоната) на која во овој период не и одговараат екстра тешки мат пудри бидејќи ептен ми го сушат лицето и ми се прават ситни мозолченца во порите (а инаку имам чисто лице). Барам сега како опција некоја која не е ептен пресушувачки мат, и да не е многу тешка, „паштетеста“ пудра, а одозгора секако ќе ја сетирам со камена или транслуцентна пудра во прав. Покрај овие две кои ги наведов, супер би ми дошол предлог можеби и за некоја друга, само за било која ми е важно и да има избор на нијанси бидејќи тешко ми се погодува. Едит: и ако си ги користела, те молам напомени ми дали видливо оксидираат.
Уф, пред тежок избор ме ставаш, @MagsDestiny. И двете пудри многу ми одговараат (имам само масна Т-зона, остатокот од лицето ми е нормален), иако навистина немаат иста формула. Ревлон е многу потечна од Боржуа, а покривноста можеби и кај двете е тука некаде. Мислам дека и од двете пудри ќе успееш да си најдеш нијанса, само да знаеш дека Ревлон имаат нијанси за секаков подтон, а кај Боржуа сите нијанси содржат некои жолто-портокалови пигменти. Не ми се допаѓа само тоа што кај Боржуа приметив дека пудрата ми оксидира (конкретно кај нијанса 52). Од тогаш мислам дека и престанав да ја користам, бидејќи не можев да си најдам соодветна нијанса. Навистина не би знаела да кажам која пудра ми е потешка. Некако со тек на годините најверојатно кожата дорасна за пудриве и навистина не ми сметаат, лесни се, не си ја чувствувам кожата оптеретена. Исто така, Боржуа е малку така попрашкаста и има брашнест финиш, но мене тоа не ми сметаше затоа што сакам мат пудри и сакам таков кадифен изглед. Со Ревлон немам никаков проблем, па немам ниту замерка. Боржуа имаат попуст во Анабела, а Ревлон секако има пристапна цена во Зегин. Најдобро да ги пробаш па да видиш која ќе ти се допадне повеќе. Јас мислам дека и двете се солидни пудри.
Значи тука негде сме со типот на кожа, јас навистина не можам да си одредам дали е нормална или комбинирана, но претпоставувам комбинирана поради масната Т-зона одвреме навреме. Се мислев дури и дали да и дадам шанса на Bourjois healthy mix иако читам дека е за сува кожа, сакам да го одморам лицето од мат пудри бар овој период од годината, па на лето да им се вратам, и затоа би дала шанса и на некоја пудра со по dewy финиш која би ја сетирала со пудра во прав. Токму со жолт подтон и барам, но гледам да одбегнам да земам некоја која оксидира па кај ушите и по работ од вилицата да ми двои и да изгледа благо речено смешно. Сепак фала ти за мислењето, ќе пробам па ќе видам за што ќе се решам
Хелти микс можеби не (мене лично не ми одговара), но серумот постои можност да ти одговара. Јас во моментов дотрошувам стари залихи од него, одлично ми стои на лице (со Бенефит прајмерот само на Т-зоната). Мислам дека го има само во Анабела, па можеш да го искористиш попустот. Не оксидира, но нема и некоја голема покривност. Мене не ми смета тоа, покривам сè што треба со коректор. Пробај, па кажи што си одлучила.