Мене ми е убава свежа пудра и ич не ја осеќам тешка. Ама рачунај ја на сликата имам ставено од пудрава и два коректори Не е многу покривна онака средно, ама некогаш кога сакам да не бидам без ич само од неа ставам и има според мене има лесна покривност. Ми се свиѓа што над неа убаво ми легнува коректорот и така можам да надоградам колку ми треба. Вчера од 3ипол бев нашминкана и се вратив накај 4 сабајле и секако беше раздвоена кај линии пример под очите и околу устата ама тоа ми е нормално после толку долго носење
Епа да, тоа барам и јас. Некогаш не сакам да го ставам Ревлонот, туку нешто полесно, плус како и да е користам коректор. 150 buff користиш од ревлонот и оваа ти е таман нијанса? И да не памтиш која цена е? Фала ти!
Лево е есенс а десно ревлонот. Да 150ка на ревлон имам. Оваа е малце потемна ама според мене не е нешто многу ама види си на тестер (ако ја има овде, ја донесоа пудтава? ) Дури мене некако повеќе таа нијанса ми стои, што ме зачуди. А за цена не памтам ич, ја купив летово во Германија ама на есенс се е евтино, така да и оваа не е скапа
Може помош од некој? Купив пудра на Miss Sporty од Космо.И претходно сум земала од розевата која држи 14ч.Сега земав од виолетовата демек MultiAction дрндрн.Прво ставање на пудрата мм океј лесна е за ставање, убаво мириса, и покрива.Но гледам почнува да се рони.Се избришав и на малку влажно лице ја нанесов пак и беше нешто поокеј.Вака беше и наредниот и понаредниот пат.Додека не видов дека е произведена 06.2015. Збеснав, образите ми се со ситни точкички.Секогаш сум земала козметики од Космо и сум била презадоволна, фискалната ми ја нема за да им ја вратам.Хелп? *ако не е за тука мислењево преместете го.
@kim.k аиии, јас мислев од тука ти е Се надевам дека ја донеле, ќе одам утре да видам. Фала ти многу во секој случај.
Дали некоја од вас ја има користено на Inglot HD? Сакам да ја купам ама од тоа што ја видов на тестер беше многу густа и тешко се размачкуваше, па ме интересира калов финиш има, дали е долготрајна?
@Rose96 колку што ме држи меморија ја забележав кај @Artemission (ја имаше постирано во Вашата шминка низ слики). И јас сакам да ја пробам иако Ревлон е совршена за мене, па ако се решиш да ја купиш чекам импресии.
Се надевам мислиш на оваа пудра, инаку рокот на употреба им е 3 години од датумот на производството така да немај гајле. Истото што го велиш ти ми се случи и мене, почнаа како парчиња да ми се делат на лицето ја пробав и со подлога и без, со сунѓерче и со прсти пак беше истото што значи до пудрата е. Иако е препорачана како лесна пудра без штетни состојки џабе кога на лице изгледа лошо. Во тинејџерските години се сеќавам користев една друга пудра на Miss Sporty во сино тубе која ми ја препорача дерматолог поради акните, мислам дека се викаше So Clear таа беше доста подобра и исто лесна на лице..
Да на оваа мислам..добро е не сум само јас со овој проблем.Ќе гледам да ја дотрошам што побрзо и од розевата да си земам.
Пробај ја и сината мене ми ја препорача поради тоа што барав нешто лесно за на лице да не ми ги затвора порите а сепак малку да ми ги прекрива неправилностите, не е наменета стрикно за акни. Ако сакаш таков тип на пудра пробај ја на Essence Stay all day доста е лесна и дава полу мат финиш.
@Rose96 јас ја имам и ја обожавам Не е многу густа, може тестерот им бил постар, ама не е ни водлеста. Покривноста е средна до висока, има мат финиш и не оксидира. Јас имам комбинирана/мрсна кожа и добро ми издржува во текот на денот, светнува некаде после 6 часа ама не изгледа лошо и не се разделува. Многу убаво изгледа на лице во живо и на слики, ептен ја препорачувам.
Ја имам земено поодамна ама мислам околу 1600 дека беше. Ако купуваш повеќе производи побарај попуст, обично даваат до 10%.
Не е скапа, очекував минимум 2000. Фала на инфо. Ќе проверам деновиве, да најдам некоја солидна нијанса па може да ја пробам. Сенките и мат кармините се одлични, не ми текнало да пробам некоја од пудрите па ете прилика.