Крема користам ноќна, пред да ставам пудра на сабајле не, бидејќи мислам дека пак ќе ми светне лицето. Дали може да ми препорачаш некоја крема или прајмер? Имаку сум малку скептична за пудрите во прав, бидејќи камениве ми даваат и покривност што не знам дали би ги добила со пудрите во прав.
Јас почнав да користам природни производи за лице веќе 2 месеца ги користам производите на Др.Хаушка и многу сум задоволна. Ја користам Мелиса кремата и е супер , имам и тестерче од дневното нормализирачко масло за масна кожа и имам приметено дека кожата ми лачи помалку себум. Тоа масло сега секојднево го користам за да го испробам убаво. Аптекарката во Зегин за масно лице тоа го препорачуваше да го купам. Еве @Biodevojka може да ти каже исто така повеќе за маслото во соодветната тема. Сепак мора да ставаш нешто за твојот тип кожа. За прајмер , имам користено доста , досега најзадоволна бев од на Make up forever step 1 - за жал го има само во Сефора (јас од грчката го имам земено). Јас кога нанесувам пудра во прав ја тапкам со соодветното тупферче што доаѓа со пудрата ама ок ако ти одговара камена пудра користи си таква. Пробај ја таа на МAC Fix fluid , имаат тестери, друга од MAC што можеш прво на тестер да ја пробаш е Prolong wear waterproof водоотпорната пудра во туба , и таа е добра за масно лице плус водоотпорна е
@koritsaki ти благодарам многу на советите. Ќе земам пудра од мас, и баш ќе ги разгледам кремите на хаушка. Уште еднаш фала за одвоеното време и исцрпните објаснувања, многу ми помогна!
Ова е дефинитивно најлошата пудра што сум ја користела во животот. За моето лице е преагресивна. Ја купив од Скопје, лупнав 2400 денари ( затоа што нели морало и пумпица да купиш, пудрава не иде со пумпица), на девојчето и кажав каква кожа имам со какви работи се соочувам кога станува збор за кожата на лицето и ми ја препорача оваа. До душа ја пробавме таму и викам ај ок е. Ама таму ја пробавме со сите глупости ѓто ги ставаат пред дда ти ја стават пудрата. Морам да кажам дека се изнамачив да го доведам лицето до оваа состојба на којашто ми е сега и не ми е лошо- мислам не е најдобро ама не е страшно. Почнав да ја користам пудрава- и што да видам- со секое нанесување лицето ми стануваше се полошо. Особено во текот на денот додека пудрата ми беше на лицето-цело се правеше со мали брунчиња, челото ми се испоисфрла со мозолчиња, додека образите ми беа пресуви. Инаку користам ДР.Хаушка козметика, па викам ај дека се префрлив на органска козметика да не ми е прејака. Кога го прочитав составот на пудрава ќе паднев во несвест. Купив некоја бб крема на алверде чисто да имам што да ставам на лицето за на работа( да го одморам од МАС) и се се врати на свое место. Ми се смири , веќе не излегуваат мозолчиња и нема суви образи. Инаку сите пудри на МАС се со лос состав. Според мене големо НЕ за пудрава. Не можам да си ги прежалам парите.
Јас имам комбинирана кожа. Не знам каква имаш ти, може има вистина не викам не. Но секаде е многу фалена,одамна ја меркам. Ме замисли сега...
И јас имам комбинирана. И се убаво кажав на девојката која работи таму и она ми рече дека оваа пудра ќе биде супер, дека се надградува, со еден слој е покривна па можеш да нанесеш уште еден ако ти треба нешто екстра да скриеш. И се тоа е ок, само мене воопшто ама воопшто не ми се допаѓа. За парите сметам дека не вреди ( зборувам за моето лично искуство со пудрава). Инаку точно е дека оваа е најпродаваната пудра на МАС. Инаку го купив и тој фиксаторот што не е фиксатор( можеш да го нанесеш или пред да ставиш пудра или поттоа) - мислев ај ќе има подобар ефект, ама едно големо ништо. Мој совет- подобро оди во МАС продавници и пробај си ги на лице, ама пробај ги на твојата крема доколку не планираш да купуваш други ствари од МАС како прајмери и свашта. Мислам дека се со многу агресивни состојки и не одговараат на секого. Ама како сакаш. Јас знам дека веќе никогаш нема да купам пудра на МАС. Како и да е ако ја земеш пиши искуство. Инаку нијансата ми е ТОП погодена и тоа е дбро кај МАС имаат еден куп нијанси нема шанси да не си ја погодиш.
Па реално кај нас освен Алверде (кои според мене ги имаат убедливо најлошите пудри што постојат за масна кожа), една пудра од Дебора (која на лице е права паштета кога ќе ја нанесеш) и скроз нешто малку од Лавера, не ни имаме некаков избор за пудри со добар состав. Од секоја пудра ќе се најде некој на кој истата таа не би му одговарала. Истото патем важи и за козметиката општо - една иста органска крема мене ми е одлична, на другарка ми лицето и стана ко да има сипаници. Мене пак, лицето ми се расипа од Менхетн и Макс Фактор пудри и нивна козметика немам купено, па нема ни да купам. Не мора да значи дека е до составот, едноставно формулата не одговара, го оптеретува лицето и затоа се јавува таква реакција. А и до самата кожа е - кај некои е преосетлива па затоа резултатот е таков каков што е.
Јас искрено многу се каам што не ја купив на Др. Хаушка пудрата затоа што и таа е со супер состав. Се согласувам со се, затоа и предложив кога веќе дава толку пари да отиде да си проба и да биде внимателна при изборот. Инаку сите сме поминале низ голготата да најдеме совршена пудра- еве на пример јас уште се мачам
Јас ја пробав пудрата Хаушка неколку пати и guess what - не ми одговара. На моето лице изгледа навистина ужасно. Се познава како маска, не ми е доволно светла нијансата (која беше најсветла од линијата) и изгледам како да сум се намачкала со паштета. Тотално разочарана сум од пудрава и не би дала толку пари за неа. За мене е уште една преценета пудра, а убедена сум дека ја форсираат (само) поради добриот состав. Епа, не е се во составот ако формулата не чини. Да дадам нешто повеќе од 1000 денари за пудра која ми е утка во името на добриот состав - никогаш повеќе.
Не го исклучувам моментот и мене да не ми одговара. И секако дека нема да форсирам нешто исто како што не форсирав ни МАС само во име на тоа дека била најпродавана и најпопуларна. Како и да е секој треба да си проба за да знае што и како му одговара. Несреќни избори мора да има, тука сме само за по некој совет и споделување на лично искуство. Инаку баш и ќе прашав некој за подобра рецензија за течните пудри на Хаушка- искрено не можам да одберам боја затоа што во секоја аптека сите тестери им се засушени и престари :/
Хмм не може сите пудри на секого да одговараат , некој има чувствително лице , мрсна / сува кожа , акни итн..Досега фала богу не ми се случило да имам некоја реакција од пудра. И да , не мора да значи дека пудри како MAC или Dior (а и обратно еве Хаушка , Лавера итн) неможат да направат алергиска реакција и слично. Јас исто така ја користам Др.Хаушка козметиката и одговара одлично на мојата мрсна кожа , пудрата на Хаушка (и течната и таа во прав) се одлични , таа во прав ја користам над секоја течна пудра што ја имам дома и префектно ми го држи мат лицето , а и од течната сум задоволна , но ок , не е толку трајна како останативе пудри со лоши состојки. @anianna не знам каде имаш најдено по аптекиве тестери од пудрава на Хаушка , јас не успеав и на слепо ја земав 01 што и ми е ок , баш е како мојот тен. Mac мене не ми направила никаков проблем , втор пат ја купувам , тоа се си зависи од кожата. Најубаво е да си пробаш на лице и да видиш како ќе ти стои (тоа е така за било која пудра..)
Па последно бев во Сити мол во Зегин и девојката ми вика еве пробај на рака- немаше шанси затоа што којзнае кога бил отворен тестерот и се беше засушено не се ни размачкуваше и баталив, само преминав ходник и купив МАС. Инаку и јас за нега на лице користам Хаушка- цела линија за нега и суууупер задоволна сум, па затоа помислив дека можеби Хаушка пудрата би ми одговарала. Многу сакав да ја користам МАС и мислев дека конечно ќе најдам пудра за лицето ама не. Дури и дечко ми ми рече дека пудрата многу лошо ми стои Ако не ти е проблем да сликнеш како стои 01 на кожа?
дали е покривна ? која е најдобра за сува кожа и покривна ? препорачај те ми покривна за сува кожа ? која е од овие најубава ? или мац некоја ?
Од овие на сликата за сува кожа е таа на Севентин. Од Mac би ти ја препорачала waterweight пудрата а пак ако сакаш некоја од Буржуа тогаш со сигурност Хелти микс
Овие сите се за мрсна и комбинирана кожа, за сува би ти ги препорачала на Bourjois Healthy mix и Healthy mix серумот двете се покривни. И Gosh Foundation drops но е помалку покривна за разлика од овие двете. На Aura Take care of me е исто добра за сува кожа.