Сакам да испробувам пудри. Постојано мислам дека од секоја убава има уште поубава, а и сигурна сум дека цената воопшто не е мерило на квалитетот. За оние со понизок буџет, ќе ви препорачам пудра која многу пријатно ме изненади. Пудрава ја видов случајно во локален маркет, и цената од 120 денари ме привлече да ја пробам. Пудрава е навистина прекрасна. Убаво легна на мојата кожа, се претопи на некој начин, и не се ни познава дека имам пудра. Воопшто не е како предрасудите што ги имам за пазарскиве пудри (дека се како паштета) Пудрата е доволно покривна а сепак многу лесна, имам чувство како да сум без пудра. Дава сатенски финиш. На моево лице (комбинирана осетлива кожа) издржа неколку саати, ми се замасти само т зоната и тоа веројатно затоа што заборавив да фиксирам со камена пудра. Се на се, одлична пудра за секој ден.
преубава е за цената и плус е покривна и доволно трајна ! ја имав хеалти микс воопшто не ми беше покривна и дали аура е покривна ?
Пред отприлика две недели си ја купив пудрава, и чекав да ја користам некое време за да напишам рецензија, особено затоа што на почетокот се мачев со неа. Kat Von D, Lock-it foundation. Мислам дека беше околу 38 евра. Одамна си барам пудра, ама не се шминкам премногу, па не ми текнало сериозно да разгледам. Пудрава досега не сум ја видела во ниедна Сефора, ама ја начекав во Франција, па со помош на девојката на штандот избравме нијанса. Плус ја земав и камената пудра од истиот бренд, затоа што старата ми се скрши во авион. Првиот ден кога ја пробав бев воодушевена, меѓутоа, кога ми спадна воодушевувањето заклучив дека пудрава е дефинитивно претешка за мојата кожа, не легнува убаво на неа и се познава. Не ми е утната бојата, пробав на различни начини да ја нанесам (со бјути блендер, неколку различни четки, прсти), и на крај гуглнав за да видам дали некој друг го има истиот проблем ко мене, и испадна дека многу луѓе се незадоволни. На повеќе места прочитав совет да измешам малку крема за лице во пудрата или прајмер пред нанесување, и решив да пробам. Функционира совршено, пудрата е сепак покривна и трае цел ден. Многу сум среќна што го прочитав тој life hack. Користам Еуцерин Dermo Purifyer, и тој го измешав, а пред нанесување ставам од кремата, и плус Lancome Correcting creme. Имам комбинирано лице, пудрата има скроз мат финиш, па мноооогу малку камена пудра е доволна одозгора, а толку е покривна што речиси и да нема потреба од коректор. Генерално, задоволна сум. Дали би ја купила пак? Не знам. Ако не најдам подобра, најверојатно.
Ја земав пред некој ден пудрата серум на алверде и баш пријатно ме изненади. Лесна е и не покрива многу, ама преубаво делува на кожата, воопшто не е тешка. Читав многу негативни ствари за пудрава поготово коментари од типот дека многу брзо им се мрси кожата. Јас имам екстремно мрсна кожа и баш напротив, не ми беше многу месна на крајот на денот. Можам слободно да кажам дека ми остана многу подолго мат него кога користам лореал на пример.
@Irreplaceablee не знам колку долго ја користиш серум пудрата на алверде, но јас после месец дена користење забележав дека многу ми ја исуши кожата на сувите делови, а на масните делови ми предизвика црнки и поткожни бубуљички пудрата. Внимавај.
@crimson благодарам за рецензијата , очекував да пишеш јас имам баш масна кожа (читав рецензии дека не за останатите типови кожа), деновиве ќе отидам да ја пробам и да видам за нијанса. Ти која нијанса ја користиш? Инаку кај нас во грчкава Сефора на Кат Вон Д козметиката ја донесоа во септември 2017 , од неа карминот Лолита само го имам и сум мн задоволна.
Лелееее ја донеле во Грција И јас го имам лолита, криво ми е што не си земав уште некој, прекрасен е. Мислам дека сум најзадоволна од него од сите high end кармини што ги имам. Би требало да ти одговара ако имаш помрсна кожа, мене ми е супер на деловите од лицето што ми се мрсни, проблемот е кај образите кај што сум посува. Light 47 Neutral е нијансата.
Ја користам оваа пудна број 010 , дали знае некој на ревлон која нијанса би ми одговарала ? нема тестер и не можам да ја пробам лично..
Јас ја купив од С-Маркет на Арачиновски пат во Ченто. Инаку Импала/Бруклин шминките имаат своја продавница на Бит пазар, карши полицијата. Таму сигурно има и поголем избор на нијанси.
Пудрата ја земам од DM нешто нај совршено за моето лице, и по 24 часа личи ко да сум ја ставила сега. А моето лице ги упива многу пудрите, и по 1час ми се прави ко со флеки негде упиена негде не. Ама ова е нешто нај убаво што сум го користела. Позз женски