Дали ја има некоја користено оваа пудра Luxe од Avon? Дали е добра, дали покрива и дали добро се справува со црвенило на лицето?
Не е нешто многу покривна, би рекла највеќе накај средно. За сува кожа не е никако. Јас пробав секако, со масла креми, кожата ми беше ок, но кога ќе ставев од пудрава џабе, сите суви делчиња ми ги истакна, како лишаи, распукана..лошо изгледаше. Инаку е баш фина, лесна. Доколку немаш проблематична кожа може да ти се допадне. Јас чекам пролет/лето да ми се среди кожава па ќе и дадам уште една шанса.
Некоја поупатена да ми каже дали нијансите на Ревлин Колорстеј од старото пакување се исти? Ја користев 150, но ја немам купено од кога го сменија пакувањето па не сум сигурна за нијансата.
Ќе одиш без шминка и ќе нанесеш од пудрата на виличната коска. Таму најдобро се гледа дали некоја нијанса ти одговара или не. Пожелно е да излезеш на дневно светло, светлата низ дрогериите не ги прикажуваат боите најрелистично.
Извинете за офф топик, денес ја купив ревлон колорстеј, во зегин е на акција 590 ден. Само не знам до кога важи попустот.
Коментар или искуство со пудриве? И двете се на намаление по 1480 ден во Еликсир па се мислев да си купам, ама не знам за каква кожа се. Инаку јас имам сува кожа. Благодарам
Попустот важи до 8ми, но зависно до кога имаат на залиха од пудрава. Јас утре планирам да земам, не било судено да ја сменам Ревлон изгледа.
@Mishela Сакам да ја пробам Revlon, неколку години по ред посегнувам по неа и се откажувам затоа што или нема тестери или не знам дали да ја земам таа за сува или за масна кожа со оглед на тоа што имам нормална кожа со многу малку масна т-зона. Имено, Bourjois 123 perfect ја користам летно време, а healthy mix во зима. Некој совет која Revlon да ја одберам и дали таа за масна кожа е мат и дали го суши лицето. Фала ти многу
Може да ми препорачате некоја течна пудра, да не е повеќе од 500 ден. И да трае.Имам мрсна Т зона другото ми е океј.
Мат е, но не така класично мат со прашкаст финиш, туку поприродно. Ако планираш да ја користиш сега, јас би ти рекла да ја одбереш таа за сува до нормална кожа (сепак уште е зима). Ако немаш масна Т-зона, навистина не гледам причина зошто би ја купила таа за комбинирана и масна кожа. За во лето можеби би ти одговарала, но сега не верувам. Највеќе заради Т-зоната. Ги имам пробано и двата типа и таа за сува-нормална кожа е значително полесна на лицето, побогата во смисол похранлива, а покривноста им е иста. Финишот не е сјаен, но не е ниту мат. Некоја средина можеби. Јас имам многу масна Т-зона, па оваа за комбинирана и масна кожа ми е идеална. Ниту ми е тешка на лице, ниту пак ми предизвикува црнки. П.С. Мене не ми е воопшто тешка на лице, не ја ни чувствувам. Но верувам дека тоа е индивидуално, сепак. Пробај ги во Космо и двата типа, па види што ќе ти се допадне повеќе. Немој да се ослонуваш само на пишаново, мислам најубаво ќе си процениш така.
Фала ти многу за одговорот. Ако најдам добра нијанса, може ќе го искористам попустот и ќе ги земам двете, па ќе ги комбинирам и менувам во зависност од потребите. Ептен имам мерак да ја пробам
Не ми текна на таа опција. Можеш и така, нијансите се исти. Пудрата е прекрасна, не за џабе е најдобра drugstore пудра. Ептен има разлика во изгледот на лицето, го прави тенот прекрасен а сепак не изгледа како "фасада". Обезбеди си добра крема и не би требало да имаш проблем. Fleurance, Alverde, па и Лореал/Нивеа, мене сите ми одговараат и сум ги користела во комбинација со Ревлон.
И јас сакам да ја земам пудрава од зегин. Само ја одбегнувам бидејќи пред 2 години кога ја имав ја згрешив нијансата мн бев бела на слики со блиц... Дали премногу ја имав утнато нијансата или таква е пудрата уште не ми е јасно . Бела како дух бев...Страшно изгледав. Па сега ме интересира како изгледаат 220 и 240 на блиц. Доколку може некоја девојка да слика бидејќи не сум моментално мк не можам да си завршам работа .