Ја имам таа пудра но барам некоја за преку ден што ќе ја носам.Некоја дрогериска да е. 99% од гардеробата ми е цела со пудра од вратот и вилицата
Мене скоро сите дрогериски ми се пресликуваат освен Ревлонот. Мислам дека на Wet n wild не се пресликува ама не сум сигурна.
Која конкретно би ми ја препорачала ? Ако не најдам алтернатива Ревлон ќе ја земам. Дали се сеќаваш каква беше фејс финити од Макс фактор т.е дали се пресликува? Неможам да си погодам нијанса од wet'n'wild иначе би и дала шанса. Ја фиксирам со rimmel stay matte камената и не сум задоволна , пак се пресликува а ја комбинирам со 123 перфект.
Здраво девојки.Ми треба мислење од вас кои ја имате користено bourjois healthy mix.Ми дадоа тестерче бр.52.Продавачката дури ме убедуваше пресветла ќе ти е бојата.Ја пробав и ми е темна, ми се разликува од вратот.Не би рекла дека имам светла кожа на телото ама на вратот ми е и до сега си немам погодено боја. Дали 51 е премногу светла или да си барам друга пудра.
Јас ја користам 52, имам светол тен и идеално ми одговара. 51 ти е доста светла ама зависи, можеби си ти посветла од мене и таа ќе ти биде ок. Пробај ја убаво, нанеси на цело лице и излези на дневна светлина да видиш како е.
A кој број ти одговара од други пудри што си ги користела? 52ката секако ќе ја искористиш за некој месец, ќе фатиш боја од сонцето
Последна ја користев ревлонот 180ка ама и таа ми беше темна.За другите пудри не се сеќавам за бројчињата.Да,ама на врат нијанса потемнувам.
Те сфаќам. Јас ја користам 52 преку зима и пролет, а 53 ми одговара за во лето, а 180 и мене ми е малку темна од Ревлон, ми одговара со 53. Ако веќе 52 ти е темна, пробај ја 51. Мислам дека @koritsaki ја користеше 51 од Хелти Микс па можеби може да ти даде подобар совет.
Леле истиот проблем го имав кога купував. Нијансите се доста слични но сепак има некаква мала разлика. Јас ставав и од двете па шетав малку, и на крај се одлучив за 51, толку перфектно ми се слеа со кожата што не се ни приметува дека имам нешто. Инаку пудрата е прекрасна. Единствена која му одговара на лицево и не ми прави лишаи или пукнатини, плус е прелесна.
Најмногу сакам да ја купам бидејќи одлично ми легна на лице.И секогаш кога некој ќе речеше тоа ти е тешка пудра и си викав што зборуваат овие,ама откако ја пробав пудрата навистина осетив што значи лесна а што тешка пудра.Ревлонот едвај чекав да ја избришам а оваа не ја ни осеќам.
Ревлон пудра кога користев ја купував 150 ката. А на оваа нијанса идентична од Хелти микс пудрата е 51
Помогнете со избор на BB или CC крема, евентуално некоја лесна дневна пудра. Значи што и да купам не сум задоволна и се враќам на Garnier BB како најисплатлива варијанта, затоа што сума пари имам дадено испробувајќи пудри. Имам комбинирана кожа и светол тен, обично Ivory нијансите ми одговараат. Значи не ми треба голема покривност, туку коригирање на тенот и несовршеностите... Што мислите за Vichy?