Солидно покрива, али е многу тешка, на дневна светлина изгледа како маска. Али добра е за навечер и е трајна. Би одговарала за комбинирана и мрсна кожа.
Слаба покривност, не се впива во кожата туку останува над неа, ако не ја сетираш се пресликува и се брише одма и во никој случај не е за мрсна кожа. Позитивна страна е тоа што не ја суши кожата, не ги истакнува брчките и дава природен изглед. Ова ми е искуството со оваа пудра, а ти ако сакаш дај и шанса, можда ќе ти се погоди.
Јас ќе ти кажам да одиш со другата на Catrice, моја омилена пудра моментално. Одамна не сум била општо задоволна со производ на Catrice. Забавен факт, оваа пудра и таа на Fenty што е огромен хајп сега се правени во иста фабрика, исти први 10 состојки така да ако ти се свиѓа апла medium to full coverage пудра со екстра мат финиш (јас не користам камена врз ова пошто ТОЛКУ матифицира што е чудо) ќе ти кажам да одиш со ова. Некои 300-нешто денари е, искрено за џабе. Не е лоша пудра, малку мрсничка ми е мене лично ама ако си со сува кожа би била океј. Проблемот што го имам тука е многу ограничениот број на бои, конкретно најсветлата пудра има многу розев/црвен undertone а јас имам жолт и ужас ми стои ама ако не си проблематична тука, go for it.
Имам мрсна кожа,до сега пудра што најмногу ми се погодила е Катрис таа што ја постави погоре шишенцето ми е при крај па се мислев за оваа на Wet n wild но чим е мрсна најдобро е да си ја користам катрисот
Секоја пудра оксидира до одреден степен, нормално е. Мене лично не ми оксидирала козјнае колку и остануваа таа боја, може некој си 10% потемно ама ништо драстично. Сепак тука зависи и од твојот тен а имаат прилично ограничен избор, мислам 4 бои. Јас сум многу бела и 010 ми е супер.
Чинам @Rose96 ја имаше користено и мислам дека не беше задоволна ако не се лажам. Провери на нејзиниот блог.
Јас ја имам користено, според мене има доста солидна прекривност. Не само тоа, не сум забележала да се собира и доста е трајна, по најмалку 8 часа не ми се поместивала. А не е некоја тешка која создава чуство како маска да носиш. Мене лично многу ми се допаѓа и повторно би ја купила.
Која нијанса ја користеше? Некако чудни ми беа нијансите на рака, една многу светла, друга многу темна...
Од каде зимате тестерчиња и за кои пудри можам да најдам тестер? Гледам највеќе ги фалите пудрите на боржуа, ревлон и катрис па сакав меѓу нив да одлучам за некоја и конкретно за нив би барала тестерче за проба. П.С. секоја друга препорака е добредојдена( ми треба пудра што ќе трае барем 7-8 часа, може и со некоја си средна покривност, за комбинирана кожа)
Многу се без врска нијансите и многу ме нервира тоа што пудрата е премногу течна. Не испадна лоша на крај, ама каде јас и мојата нетрпеливост со ваква пудра... Инаку ја имав 105 natural ivory, ама не ми е купена од тука па навистина не знам колку ја имаат нијансава во ДМ. Сите што ги пробав тука ми беа многу темни, затоа ја баталив по првата потрошена тубичка.
Мислиш за тестер што ги даваат за дома ? Еднаш порано пред 5-6 год ми имаа дадено во Космо од Буржуа Хелти микс , прашај да не имаат такви тестери или во Анабела парфимеријата. За комбинирана кожа , ти ја препорачувам на Буржуа 123 перфект
Перфектот ми е при крај. Сакам да ја сменам и ми треба пудра за секој ден. Ги имам пробано ер мат на боржуа,имам и бб крема на гарниер и го имам и ревлонот. Имам комбинирана кожа со мрсна т-зона. Препорачајте некои пудри слични со Перфектот?
Претпоставував дека е 105, ама кај нас ја нема. Ги има 110, која е дух нијанса (доста е посветла од 105 ), и 115, која е претемна. Штета што не ги носат сите нијанси, баш сакав да ја пробам, а проверив во ДМ и сите попознати парфимерии. Ако некој ја нашол 105 по некоја локална парфимерија низ Скопје, нека ми пише.