Девојки како изгледа Хелти Микс пудрата на слики со блиц? Ќе се сликам па да знам дали е подобро да ја оставам само така или да ја фиксирам со некоја во прав. Имате некаков друг совет (бидејќи сама ќе се шминкам) ?
Мене многу убаво ми легнува на кожата, делува природно и на слика изгледа убаво. Јас обично ја фиксирам со некоја камена или пак пудра во прав за да ми биде по трајна. Зависи за какво сликање станува збор, ако е за табло не се замарај многу со пудрата, ќе те измазнат до максимум секако.
Да да, за табло е. Дека има така природен сјај самата пудра, што инаку многу ми се допаѓа, се мислев да не ми свети премногу од блицот, па затоа да си прашам. Можеби ќе ставам сосема малку камена само. Ти благодарам на одговорот.
Околу 800 денари редовна цена, а на попуст околу 610 денари. Често се наоѓа намалена, моментално ако не се лажам во Еликсир има попуст.
@koritsaki Колку време ти е отворена Хелти миксот? Јас забележав после 2-3 месеци откако ја купив дека почна да ми оксидира, ама не бев сигурна, затоа што периодов само навечер ставам пудра и тоа мнооогу ретко.
Сигурно 6 месеци , ама ретко ја користам само зима-пролет зошто не е за мојот тип кожа Приметив на сликите дека оксидира , вака на живо не се приметува
Препорачајте некоја лесна пудра, не ми треба некоја многу покривна бидејќи имам чисто лице, да е до кај 500-600 денари.
Доколку имаш чисто лице можеш да пробаш и со ББ крема. Ќе ти го изедначи тенот и нема да ти тежи на лицето. Има посебна тема мислам за ББ креми па читни и таму некоја препорака.
Јас ја користам во комбинација на Creme Puff камена на Макс Фактор и можам да кажам дека 7 години немам сменето. Препрезадоволна сум. Инаку имам комбинирана кожа.
Дали знаете дали се уште важи попустот на пудрите Буржуа во Анабела парфимеријата ов Сити мол? Прашувам да не идам за џабе