Пудрата што ја тестирам месецов е на Kat Von D Lock it. Пакувањето е прекрасно , обожавам пудри со вакуум механизам , бидејќи целата пудра може да се искористи ( веќе пудри во стаклени шишиња избегнувам да купувам ) Структурата е густа , пудрата е многу покривна и треба да се внимава колку се нанесува бидејќи ако се нанесе повеќе се осеќа како маска на лицето. Тие што имаат проблеми со лицето како лузни , акни итн пудрава би била идеална не оксидира , нанесувањето е полесно со сунѓерче отколку со четка , поради густината. Трајна е на моето масно лице до 8 часа. Мојата нијанса е 44 cool неутрална нијанса со некој розев поддтон.
Која од овие две пудри е полесна? Имам чисто лице, нормална кожа со умерено масно чело (остатокот од т-зоната не ми се масти )
Пудрата на bourjois ја немам пробано, ама можам да ти кажам дека катрис е многу покривна. Ако имаш чисто лице и нормална кожа не знам дали ке ти одговара, катрис е за мрсна и комбинирана кожа. Самата пудра не е тешка на лице, ама е покривна и не е за твојот тип на кожа. Тебе ти треба нешто за изедначување на тенот, па можеш и ББ или ЦЦ крема да земеш.
Здраво девојки, ја купив денес пудрава и ептен ми се свиѓа како ми стои на лице и мириса на кокос, е сега прашање ми е со што да ја нанесувам? Пробав со прсти и со четка ама ми се познаваат како линии пошто е потечна во составот не е како другите пудри, не можам да ја изедначам ми се двојат линии. Дали со сунѓерче, со такво силиконско или?
Препорачајте ми убава пудра за светол тен и мрсна кожа. Земав една од Алверде, ама кога ја нанесувам, некако се стврднува одма и ми остава како грутчиња на кожата.
Доста покривна и најматирачка до сега што сум користела. Исто така и долготрајна. Ако немаш многу мрсна (само Т зона) оваа ти ја препорачувам, Не оксидира исто како и таа погоре. Многу природен изглед дава а покривна е. Не мрси нешто претерано. Цена околу 900 ден. ама се исплати зошто бавно се троши. А можеш и подлога на Јангдерм да земеш, таа исто е за мрсна кожа, антибактериско дејство...
Женски ај ве молам за совет. За летово сакам да користам ББ крем. Пудрите сите ми тежат, сака за преку ден, постои ли ББ крем за мрсна кожа? Препорачајте некој
@jovana03 ти ја препорачувам ЦЦ кремата на Bourjois 123 perfect и јас имам мрсна кожа и ја користам со пудра во прав одозгора и не светнувам со саати.
Ја има во Космо, Еликсир, во Шатци. ЦЦ кремата можеш да ја најдеш секаде каде што имаат продукти на Боржуа.