Јас да влетам во муабет, знам дека е ЦЦ кремава донесена и кај нас, но да не случајно од прилика и ја знаеш цената? Дали е можеби цена слична со течните пудри или поефтина/поскапа?
Редовната цена мислам дека беше околу 750. Ама речиси секој месец е на некој попуст, па може да се најде намалена до кај 500 денари. Mислам дека во Анабела во Сити Мол моментално сè од Боржуа е на 50% попуст. Хелти Микс е намалена само 30%, а сето останато 50%.
Барам соодветна течна и камена пудра, имам мрсна кожа на Т-зоната а останатиот дел од лицето сува. Со @Mishela утврдивме дека имаме ист тип на кожа сакам нешто поприродно и без многу хемии во составот(ако е можно такво нешто) па ако може помош околу изборот
И јас се наканив да ја пробам cc кремата на боржуа. Би ја замолила @koritsaki да сподели повеќе мислење ако ја користела, јас до сега немам користено Cc крем.
Природна варијанта не знам, зашто мене таквата декоративна козметика не ми одговара. Ниту нaјевтините пудри од Алверде ми беа добри, ниту најскапата која ја зедов од Др.Хаушка. Хаушка беше права утка за мојата кожа. Со години ја користам Ревлон Колорстеј за масна кожа. За пудра во прав можеш да разгледаш тука во соодветната тема, овде да не мешаме предлози за такви пудри.
Гледам на попуст е, ама искрено страв ми е да ја купам пак. Некако како во последно време кожава да не ми ја сака пудрава. Не знам, можеби дека е веќе постара, одамна отворена. Ама како покривноста да не ми е иста како на почетокот. Како да ми се „собира“, многу чудна. Се мислам да ја пробам за промена 123 перфект. И таа една на Мејбилин исто ми фати око, 24 hours . Ако ја користел некој нека пише 2-3 збора.
Мене (Ревлон) пудрата ми е поубава. Прв пат ја купив на 17 години, имав другарка која ја користеше од сам почеток на шминкање и пудрата ми беше претешка и мирисаше на креч, на некој гипс, не знам како да опишам ама веројатно ме разбираш. Дефинитивно не е за толку млада кожа, ептен ми беше тешка, леплива и ми изгледаше како малтер, не ми одговараше. Втора шанса и' дадов на 21, од тогаш немам посегнато по друга пудра. Многу ми сметаше претходната формула. Не се сушеше во мат, т.е. оставаше некој леплив финиш и дефинитивно не беше пудра која би ја носела преку ден. Сега е потечна, полесна на лице и многу лесно се бленда и надоградува. Плус, нијансата ми е пресудна мене зашто имам многу светол тен и тешко наоѓам соодветна која не е ептен изразито жолта. Немам многу за покривање, но кога имам пудрата ми е сосема доволна, по потреба за тоа додавам коректор. Ептен ми е погодена, а дека не е за сечиј вкус тоа нормално, знам многу на кои уште им е претешка или не им одговара. Среќа моја не сум од нив, инаку навистина не знам како ќе најдев друга пудра која би ми одговарала до таа мера. Maybelline ја немам користено, не ги сакам нивните пудри.
Ми треба пудра некоја лесна за секој ден ,нема потреба да има голема покривност кожата ми е нормална не ми е ниту сува ниту мрсна ,препораки ?
@Mishela ако не се лажам мислам дека ја имаш и Studio Fix Fluid. Која е подобра според тебе, оваа или на Ревлон? При парички сум ама не знам дали да ја купам Судио Фикс. Што прочитав рецензии на нет сите и’ даваа предност на Ревлон бидејќи дава сличен ефект и има многу пониска цена.
@buba4e89 ќе ти се допадне ЦЦ кремава на Буржуа со сигурност. Не е мн покривна но ко за ЦЦ крема е супер , лесна е , јас ја користам со пудра во прав одозгора и трае околу 5-6 саата , лицето ми се масти најчесто на тзоната. Нијансата што ја користам е 31 ivory. Мене ми се допаѓа ептен баш пробај ја , ќе ти се допадне мислам.
Зависи до која цена бараш, од мене придлог се овие две, баш се некако лесни како за секој ден и плус се ефтини. Исто така и серумот од Bourjois може да ти одговара.
Ги имам Studio fix и Prolong wear. Повеќе како за секојдневна употреба ми се допаѓа втората. Студио фикс е покривна, ама мене ми е малку тешка како за секој ден и ја мешав со дневна крема. Ептен ја осеќам на лице и ми тежи понекогаш, особено кога е зима. Малку како да ми го поти лицето, така ја чувствувам и ја користам само за некои прилики кога ми треба некој профи изглед, ма да и Ревлон ми е убава за таа намена. Кога би морала да бирам, веројатно би ја купила Ревлон сепак. Пробај ја од тестер ако се мислиш дали да ја купиш. Ако пак толку ти е мерак, земи ја. Убава пудра е, ама не би ја купила пак затоа што Пролонг повеќе ми одговараше, а за Ревлон не коментирам - она секогаш ми е супер за која било пригода.
Сменета ли е форумлата сега од кога ја ставија со пумпичка? И што правиш во врска со одблесок од блиц?
Формулата е иста, не приметувам разлика од претходно. А проблем со блицот немам, никогаш не сум имала. Таква ми беше таа најстарата верзија што мирисаше на креч, откако за прв пат ја сменија формулата го немам повеќе тој проблем, никогаш не испаѓам бела на слики.