Имам блефб кожа користам менхетен пудра најсветлата нијанса и не дум задоволна бидејќи е премногу мат и се познава дека имаш пудра дај некој совет за некоја слична мат пидра али уѓерену мат
Здраво девојки сакам да прашам мислење за некоја пудра ја користев лукс од авон и убава ми беше сигурно ја имам 2 години користено и во последно време лиши ми излегоа по лицето од неа и ја сменив купив ревлон. И сега уште толку лиши имам ми излегоа и како така до вчера немав ништоо а сеа наеднаш ме исфрла од било која пудра ептен се изнњервирав пошто и луксот чисто нова ми е и ревлонот чисто нова е и веќе почнавда се сомневам немој да ми излегуваат лиши од блендерот што ја на несувам пудрата пошто го користам 8 месеци веќе дали има некоја вакво искуство и да ми даде совет. А во меѓувреме користев секакви креми против лиши но пак искачаат.
Веројатно имаш сува кожа. И мене од Лукс ми искочија лишаи, и ете ја ми седи цела. Пробав и други пудри од тестери, и од сите исто, иритации, пукање и лупење на кожата. Последно ја купив Хелти Микс за сува кожа, и е единствена пудра што не ми прави лишаи. Друго, ако користиш било какви влажни марамици за лицето, те молам немој, прееемногу ја иритираат кожата. И секако е битно да избереш убава хидратантна крема.
А овие осветлувачите за пудра ја мењаат текстурата на пудрата? Оваа на Maybelline Superstay ми е ептен погодена за се освен нијансата :/
Не, барем ако додадеш директно во шишето. Јас додадов директно во шишенце од MAC пудра, а формулата си остана иста. Вака директно на рака немам мешано, ама не би требало премногу да се смени пудрата. Ги користам осветлувачот и затемнувачот од Алверде.
Ти благодарам Дали можеби ја имаш користено или занеш каков ефект дава? Ова ми е последен обид да се префрлам на органска пудра, сите кои досега сум ги пробала не ми одговараат
Не, за жал немам користено нивна пудра затоа што досега немам пронајдено некоја од нивниот асортиман која би била соодветна за мојот тип на кожа. Мислам дека оваа пудра (и општо повеќето Лавера пудри) би била одлична за сува до нормална кожа. Околу покривноста, не би знаела да дадам коментар.
Ја имам пробано на лице - нијансите се многу темни , и најсветлата беше темна барем за мене , а да , баш за комбинирана-масна кожа не одговара пудрава за жал
Да. Една во крем боја амбалажа. Ми правеше лишаи на сувите делови од лицето, а и колку што паметам маааалку оксидираше. Никаква подлога не ме спасуваше од лишаите. Да напоменам сува кожа имав кога ја користев.
Здраво девојки ајде ве молам за помош, летово ќе полудеам од жешко па и плус пудра на лице смрт. Кажете некоја лесна пудра за летниов период користам Лореал, но многу ми е тешка. Сакам некоја лесна летна што ќе дава природен изглед на лицето, а не можам да користам само ББ крема, бидејќи не е покривна, а имам акни.
Јас лично користам Giordani age defying пудра , многу е лесна на кожата не ј ни осеќаш а и не е баш толку покривна баш е секојдневна но секако е попокривна од на Лореал бб кремата. 100% ти јс препорачувам , 350 демари е
Giordany ли е толку ефтина 350 ден, ама таа да не е анти ејџ, за повозрасни. Инаку не користам Лореал ББ крема, туку Лореал обична пудра и за летниот период ми е тешка, лани летото користев Буржуа healthy mix и таа е тешка за летниот период, затоа побарав совет за лесна пудра во овој летен пеколен период?
Јас ја користев , не ми сметаше а и некако нежно стоеше на кожата , с и никој не ми кажа дека за старс кожа е , со пудрава ложата дише ..
Не знам дали само јас не можам никако да си погодам пудра.. Можеби некоја ќе може да ми помогне. Имам комбинирана кожа со акни кои овој период ги има повеќе од вообичаено. Значи ми треба мат пудра, покривна за комбинирана до мрсна кожа. Сега ја користам на менхетн, но не сум воопшто задоволна.
Пробај ја Катрис ХД, таа е скроз мат па има веројатност да ти одговара. Цената е околу 500 денари. Не знам која возраст си, но јас секогаш ја препорачувам Ревлон Колорстеј за тој тип на кожа. Исто и Боржуа 123 Перфект, одлична пудра за комбинирана кожа.