Дајте предлог за некоја пудра која дава мат ефект како на порцеланска кукла, не сакам некоја од која ке ми се гредат порите, бидејки имам проширени пори. И цената нека не биде многу солена Инаку јас од кога почнав да користам пудра веке 6 години ја користам Делајн и многу ми одговара но чувствувам дека лицето ми е некако презаситено од неа.
Црешичка затоа ти се познаваат порите,затоа што таа пудра не покрива,повеќе е како крем...ќе си земеш поквалитетна пудра која е поскапа нормално,и ке добиеш мат ефект како на порцеланска кукла,пример ревлон,менхетен,зависи каква кожа имаш,прелистај ќе најдеш соодветна пудра за тебе,и плус камена ти треба одозгора позз се надевам помогнав
да, знам дека треба некоја поквалитетна па затоа прашав за совет која е таа поквалитетна пудра кој покрива и дава изглед на порцеланска кукла. Дали е на севентиин добра ? Дајте предлог и цена ако може. Ограничена сум со цени бидејки сепак се работи за нешто што се користи секојдневно и брзо се троши, но од друга страна пак за убавина не се штеди.
да, знам дека треба некоја поквалитетна па затоа прашав за совет која е таа поквалитетна пудра кој покрива и дава изглед на порцеланска кукла. Дали е на севентиин добра ? Дајте предлог и цена ако може. Ограничена сум со цени бидејки сепак се работи за нешто што се користи секојдневно и брзо се троши, но од друга страна пак за убавина не се штеди. [/quote] Црешичка пробај со Дебора пудрите. Околу 400 денари се што мислам дека е горе долу пристапна цена за секојдневен производ а има таков мат ефект. Од друга страна пак можеш да купиш и од новата на Макс Фактор нешто се викаше ретуш ефект така некако ја купи сестра ми од грција и е ФЕНОМЕНАЛНА. Она ја земала за 13 евра би требало и кај нас да е 800-900 денари поскапа е да ама па со нејзе нема да ти треба пудра во прав/камена. Има и една на Maybeline moose е пудрата како крем нешто а кога ќе го ставиш остава ефект и на камена пудра одозготе. Јас престанав да ја користам пошто ми беше така малку тешка понекогаш од остатокот сега ставам навечер или наместо коректор околу очи супер ми врши работа. единствено што незнам да ти кажам за оваа пудра е цената пошто одамна беше кога ја купив. Оди во било која поголема парфимерија и ќе ја најдеш а може да добиеш и совет два плус од некој што работи со тоа секој ден
Најубаво е ти да си отидеш и да си пробаш и ке видиш според кожата која ти највеќе одговара.А јас би ти ја препорачала првата бидејки е многу поуубава од старата севентин Таа е со мат ефект и мислам но не сум сигурна дека е за сите типови на кожа прашај си Додека оваа 2 воопшто ништо не покрива,другарка ми ја има и имам ставано од неа и не ми се допаѓа ама таман ич.......само убаво мириса
Doozy јас ја користам оваа 2 зашто една професорка дерматолог ни ја препорача,но почнаа на лицето да ми се прават црнки и кога прашав на козметичар ми рекоа дека заради пудрата било, да престанам да ја користам и да пробам со Deba
Дечки, тенкју вери мач! Јас веќе ја користам втората можеби 2 години и ми е стварно супер, мислам дека барем мене ми одговара. Не се изразив можеби подобро, туку мислата ми беше дали првата е подобра од онаа втората... Најверојатно е, зашто разликата е во цената. Би требало значи да биде поквалитетна - логички гледано. Во секој случај, фала уште еднаш. Ќе ви пишам која сум ја земала, ама најверојатно ќе биде таа првата, мерак ми е да ја пробам.
Се подновив со нова пудра. Си ја имав претходно ама сега зедов друга нијанса. За мојата сува кожа е прекрасна
Јас ја имам користено,многу е убава, имам комбинирана кожа,воопшто не ми светеше т зоната ама одозгора ставав и камена и покрива нормално
Феминки помош... вообицаено користам пудра севентин (4), и мн ми одговара на тенот, но денес си ја купив импала 3 и некако лицево мн ми е темно и црвеникаво....сакав да ве прасам да не е мн темна 3 за мене? цекав совет, однапред благодарам
Имаш само 15 год. импалата е претешка пудра, и е за постари од 30 год, незнам спомнаа имала некоја состојка која го забрзува стреењето на кожата. За твоите години најдобро е да користиш јанг дерм пудрата на алкалоид. Многу се жалите не покривала ова она, па на 15-16 год. што треба да покрива?
Барав лесна пудра за секој ден и си купив од Габрини,значи не покрива премногу сепак не барав таква,ама одлична ми е за секој ден.Плус тоа има смешна цена
знам, мимс но јас и така не ја користам за секој ден и имам листо лице, ноза јанг дерм немам слуснато бас добри коментари...ми е страв да не ми се исфрла лицето...а на пр. утре сум со друство и не мозам без да ставам. а ја имас ли ти користено јанг дерм? моите другарки воопсто не се задоволни