@Sexybaby86 прееска ја купив баш оваа водоотпорната pro longwear ме нашминкаа со неа денеска и според мене во врска со покривноста е иста како обичната pro longwear што е во стаклено шишенце , средна покривност која што по потреба се надоградува , побрзо се суши за разлика од обичната верзија , но сепак лицето не го прави многу мат , па да изгледа вештачко да кажам. Баш е она полу мат фиинш. И е многу многу потрајна од другава , со сигурност поминаа 7 часа и лицево е топ ни свети ни ништо, а баш бев на она топлото надвор цел ден. Мене ако ме прашаш и двете пудри исто ми се допаѓаат , па ко за промена решив оваа да ја купам
Ја имам првата пудра и имам масна т-зона која ми се направи масло по ставање на истата и покрај сетирање со камена пудра....за втората пудра не знам како се однесува на комбинирана кожа
@ванилала пудрата според мене не е за секoјдневна употреба. Густа е по структура и доста покривна. Со сунѓерче кога се нанесува е малку по природна
Две работи кои ме спречија да ја купам: 1. Многу е жучкаста и не ми одговараат нијансите - не можев да си најдам соодветна. 2. Нема заштитен фактор, а јас пудра без заштитен фактор не користам.
@g8lQQk апропо заштитниот фактор во пудрата - нема некоја многу голема улога факторот Еве што кажува професионалец во однос на заштитниот фактор во пудрите.. Според мене подобро претходно да си нанесеш посебно фактор 25-30 па дури и 50 ако си многу светла.. Јас користам пудра со фактор 15/20 па сепак си ставам крема со заштитен фактор пред да нанесам пудра
Жал ми е. Јас баш затоа ја сакам - нијансата 51 ми е перфектна, бидејќи сум светла и жолта, и нема ЗФ, што ја прави погодна за сликање без flashback.
Има логика ова. Благодарам за советот. Мене дерматологот ми предложи да избегнувам пудри и шминка, а доколку се решам да користам, да одбирам со заштитен фактор и нешто на природна база. Комбинацијата на сонце и хемиски состојки ми прави црвенило. Само не ми е јасно, каде тоа нема хемија во козметика ?
Koja oд пудрите на Есте е за комбинирана кожа да искористам попуст во Космо? Ме шминкаа со estee lauder double wear maximum cover помешана со bourjois 123 perfect ko за џудо не ми се собра во сувите делови на лице што ми се појавуваат на образите повремено. Од ефектот бев задоволна. Препорака за ептен светла кожа? 03 Creamy Vanilla или друга?
За комбинирана / масна кожа е оваа Double wear , обичната верзија , јас ја имам користено 1N2 Ecru. 1N1 е уште посветла ама нз во Мк дали ја има. Таа што ти ја ставиле и ја мешале со Буржуа , е многу потешка од оваа нормалната верзија , затоа и ти ја мешале со Буржуа 123 перфект
Која нијанса на ревлон пудрата е најжолтеникава. Користам 240 ама пак како црвенкаста да ми е. Дали се наоѓа нијансата 300 кај нас или тешко. Ако ја порачувал некој да ми каже од каде. Позз
Предложете ми некоја со поприродни состојки за комбинирана кожа, склона кон акни. Некогаш ми е мрсна кожата ама некогаш ептен ми се суви образите и не знам дали ми одговара пудра за мрсна кожа. Сакам нешто поприродно и лесна текстура да не ми ги воспали акните.