Јас имам мрсна кожа, а сепак ми ги потенцираше брчките и изгледаше cakey. И оксидира доста, купив буквално нијанса што не ми двои, а после изгледаше портокалово. Единствена предност е што навистина добро покрива.
Тогаш да не фрлам пари за џабе. Користам ревлон во моментот и буржоа ама сакам да сменам и пробам нешто друго па можеби би се решила за артдеко или виши.
Ја имаше во Космо и Зегин, околу 450 ден беше, али јас ја користев многу одамна пред да ми стане кожата мрсна. Така што нека ме поправи некоја девојка ако знае со сигурност.
Искуства со пудрата? Претпоставувам во Зегин ја има кај нас. Ако има и тестери, супер. Пред некој ден во аптека во Грција ја пробав, ама само на раката, ми изгледаше со убава текстура, доста покривна и мат.
Ако имаш мрсна кожа , не ти ја препорачувам воопшто. Според мене не е трајна воопшто повеќе одговара за нормална- комбинирана кожа што мн не се масти. За мрсна кожа пробај ја оваа , каде каде е мат и потрајна
Фала @koritsaki Јас имам и суви делови(иако имам проблематична кожа), значи повеќе накај комбинирана ми е. За втората сум скептик зато шо содржи салицилна к-на, а мислам дека сум осетлива на неа Ако ги има во Зегин, ќе ги разгледам и двете.
А епа добро , тогаш таа првата со сигурност оваа што ја поставив јас ќе ти ја исуши дополнително кожата , баш за мрсна кожа е. Во Зегин порано еднаш кога ја имам барано знам немаа тестери (незнам зашто е толку тешко да се отвори по една пудра од сите нијанси неможам да сватам ) а да овде јас кај што живеам во Грција во секоја аптека имаат тестери..