Најдобра пудра што ја имам користено е минералната пудра од голден роуз ..покрива се и и дава на лицето одличен и природрн изглед ... топло ви ја препорачувам на сите и е за сите типови на кожаа
Презадоволна сум од Radiant natural fix, од страна покривност, издржливост и каква нежност му дава на лицето.
Некое мислење за новата верзија на Ревлон Колорстеј за комбинирана/масна кожа, трајност, покривност, дали оксидира, цена? Имам комбинирана кожа многу масна Т-зона која и покрај тоа што е масна е дехидрирана а останатите делови од лицето се многу суви и да доста ми е осетлива ...
Знам дека само тоа се збори наназад, али пак не си најдов конкретен одговор, па да си препрашам. Ја користам Фит ми од Мејбилајн течната, али светам целата. Се мислев да ја зеам Дабл веар од Есте Лаудер, али сите различно зборат, а не ми се фрла 50 евра за ништо. Ми треба течна пудра со целосна покривност, мат финиш. Да се продава у Европа. Цена не е битно.
Ако имаш мрсна кожа земија и нема да светнеш. Исто и на Mac Studio Fix Fluid e многу покривна и мене ми е долготрајна.
Првата јас имам и не ја корсѕам не ми одговара како многу тешка пудра ми е ,а втората ја користам и тоа мене ми е многу светла последна беше а иитно ми требаше пудра затоа ја зедов инаку следен пат земам потемна една нијана покривна е преубава ми е и мат е
Јас имам нормална, летно време конбинирана, ама сепак оваа пудра за мене прекрасна, а имам пробано скоро се.Од буржоа до MAC ! И пак ми број 1 само да ја погодиш нијансата, и да знаеш дека нема маскa ефект, а ако сакаш голема покривност ке си ставиш втор слој од пудрата како да кажам трајна е, покривна доволно и често е на попуст
За мене пудрава не функционира. Не ми се допаѓа структурата, некако е брашнаста и течна. За сува кожа дефинитивно не е уште толку ги нагласува несовршеностите и се разбива за кратко време Едино нијансата ми се допаѓа пошто имаат избор за побел тен. Генерално не би ја препорачала иако многу ја фалат насекаде. Имам пробано многу пудри, најдобра до сега ми е maybelline superstay 24h full coverage foundation (ако ја најдеш правата нијанса со оглед на тоа што нема некој избор).
Моментално користам на Мејбилајн Афинитон и премногу е течна и ретка и нема кремаста структура. Да препорачате некоја пудра за комбинирана кожа, средна покривност да има и кремаста да е, да не ја суши кожата и да нема пигмент како цигла боја.