Убава е ХД, пишував мислам во темата за Голден Роуз. Јас периодов имам масна кожа, па незамисливо ми е да ја ставам на себе без матирачкиот прајмер, особено ако ми треба да издржи подолго време. Штом имаш комбинирана кожа, кај тебе би требало да одговара повеќе. Нема мат финиш, повеќе е свиленкаста и на допир и на лицето, убаво се бленда и не покрива воопшто лошо. Солидна пудра за тие пари, иако мислам за нормална кожа или кожа која нема толку масна Т-зона би била најидеална. Сепак, не се покажа воопшто лошо и кај масна кожа, еве мене ми се погоди. Ја комбинирам со коректорот со сунѓерче на ГР и супер е лицето. Ја имам најсветлата нијанса и одлично одговара на мојот тен. Дали е иста со Лонгстеј навистина не знам, зашто ја немам користено таа пудра па не можам да споредам.
Есте Лаудер Дабл Уеар или некоја од асортиманот на МАС. Има убав избор на нијанси и покривноста е одлична, но поскапи се. Пиши до која цена ти се даваат пари, па ќе предложиме и други.
Види ги пудрите на макс фактор, ластинг финиш е баш таква. Сега имаат и нова која е на попуст во Шатци, но не сум ја пробала.
Jac би се согласила со @Mishela за Este Lauder, ама со оглед на тоа дека сакаш тешка и покривна пудра би ти ја препорачала Maximum Cover. Од поефтините, Rimmel Lasting Finish и Manhattan Powder Mat Make up. Средна цена, Revlon.
MAC Fix fluid , Estee Lauder Maximum cover или Make up forever Velvet matte (последнава во Сефора во Грција можеш да ја најдеш, ако си во можност )
Мислење за Ingrid Ideal Face? Некоја подобра во тој ценовен ранг? Иначе имам масна/комбинирана кожа, чувствителна и во оној период од месецот проблематична.
Некј прашуваше за вичи дермабленд. Прееска влегов во една аптека и имаа тестери од Вичи. Ќе ви прикачам слика. Не знам зошто се величи но мене не ми се допаѓа,има густа текстура и тешко се размачкува. Ова веројатно е светла нијанса со розев подтон кој кога ќе се нанесе на лице се менува. Не се брише и не можев да ја измијам дома раката,ќе прашам дали имаат тестери да ми дадат. 20 евра е овде,има избор на нијанси.
По месец дена користење на пудрата на So bio etic ,ќе напишам мое мислење. Пудрата е органска , во мало пластично шишенце со голем отвор (што никако не ми се допаѓа, многу е тешко за нанесување) пудрата е многу течна буквално како водичка и ја нанесувам само со прсти. Треба брзо да се размачка бидејќи на лице брзо се суши пудрата. Убаво се нанесува со четка, со сунѓерче никако , целата пудра се впива внатре. Нијансата е 01 , и е супер за мојот светол тен Пудрата не е воопшто покривна , затоа мора да се нанеае повеќе пати а воедно ми се допаѓа што на лицето не се познава дека имаш пудра било колку пати да нанесеш. Мирисот не ми се допаѓа баш Се на се сум задоволна од пудрава , на моево мрсно лице трае околу 8 часа со пудра во прав одозгора што е супер , но единствено ете пакувањето не ми се допаѓа и не знам дали пак би ја купила ја купив од Грција за 20 евра, може да се порача и од овде https://www.ecco-verde.com/sobio-etic/foundation-eau-de-teint , а која живее во Италија лесно би можела да ја најде и верувам и за мн поевтина цена.
Кој ја има користено да каже збор два. Дали е покривна, каква е со трајноста и дали се пресликува со оглед на тоа дека е лајт варијанта. На попуст е па да видам дали ќе ми одговара да ја земам. Имам нормална дехидрирана кожа.
Женски,од Oriflame Џордани ја користел некој?имам масна кожа на лицето,и по неколку часа како да немам воопшто ставено пудра,па да знам дали е покривна за да ја порачам?
Да се само цитирам,денес повторно бев во истата аптека и побарав тестер,но тие не давале па пробав таму. Многу тешка пудра, густа и така што мене ми ги истакна порите на лицето. Се обидував неколку пати повеќе да ја размачкам,ефектот беше ист. Згора на тоа добив мала иритација на образов почувствував жежење на кожата па продавачката љубезно ме избриша со гел тоник. Ме разочара бидејќи долго време сум била фан да ја купам така на слепо. Таа вели да истражам за Tolierante но ако реагирам на таа некоја состојка сигурно истата ја има и во сите други пудри од Вичи. Јас имам комбинирана кожа.
После неколку пудри што не ми се погодиле, денес ја купив оваа откако видов дека ја фалат и од прво пробување ја бендисав. И со тенок слој нанесен убаво покрива и легнува на кожата. Инаку имам мрсна кожа.