Мене ми ја препорачаа Деба пудрата па сакам да ја пробам неа зошто некако со севнтин не сум задоволна а и црнки поцнаа по лицето да ми се прават!!!
Денес ја земав оваа од парфимерија Шатци,365 денари ми ја наплатија.Наскоро ќе ви пишам критики од тоа како сум задоволна.
Ја користев јанг дерм во 2ра год. кога и почнав да користам пудра, ја користев до 4та. Јанг дерм е за млада кожа, малце се тапа со нијансите. Ако несакаше јанг дерм оди во некоја парфимерија ќе ти препорачаат пудра за тинејџери, и севнтин е добра. Потоа почнав да користам лореал, потоа долго време ја користев менхетн црната, сега на мејбилин минералната пудра.
Моето козметичко катче одамна моли, море не, вреска за подновување па затоа решив да почнам од основата - foundation. Се одлучив за Healthy mix од Буржуа, меѓутоа се двоумам помеѓу новиот серум и оригиналната пудра. Значи меѓу овие две Сакам многу лесни пудри, но моментално имам многу флеки од акни кои си бараат прикривање, а серумот ми се виде многу течен, дури водникав, па не сум сигурна дали ќе може добро да ги покрие. Го има некој користено? Искуства, девојки?
Се извинувам за офф топик но не најдов соодветна тема за моето прашање.Сакам да прашам за пудрата во прав со каква четка се нансува или со сунѓерче и како се употребува и кога???
Со ваков тип на четка се нанесува: Треба да е голема и мека, по можност од природни влакна. Може да употребуваш и вакво "пуфче", ама ќе добиеш поголема покривност и понеприроден ефект. Пудрата во прав ја нанесуваш над течната за поголема трајност и мат изглед на шминката. Сконцентрирај се на те-зоната, немој да нанесуваш многу на образите, неприродно ќе изгледа.
Дали некој ја пробал новата од Gosh?јас онака пробав на рака да видам каква е и ми се виде супер,не сум пробала на лице а ме интересира зашто имам мрсна кожа па да не ми свети лицево.. еве слика
Јас ја користам моментално таа на Гош. На почетокот не бев задоволна, ама сега ми е добра некако. Не е високо покривна, ама го изедначува тенот и дава многу природен изглед како воопшто да немам шминка, но сум свежа. Е за мрсна кожа не знам дали ќе одговара. Мат е пудрата, со мааал здрав сјај, но најдобро е да си пробаш тестер и да видиш како ќе се однесува на твоето лице. Мене ми се погоди, не ми го преоптеретува лицето бидејќи е лесна.
Совет за тие што имаат мрсна кожа и јас да го искажам моето искуство Сум користела најразлични пудри (maybelline Dream MATTE powder-катастрофа ми се лупеше кожата,Deborah colour copy- не е лоша,MANHETTAN МАТТЕ-црната која покриваше добро не ми сјаеше лицето но многу ми ја валкаше облеката и се чувствував како маска да имам на лице,IMPALA никако за мрсна кожа -итн....... ), сепак најискрено би ви ја препорачала, REVLON Color Stay, ја изедначува кожата и ја нормализира, и стои додека не ја избришите, така да кој може да си дозволи нема да зажали што ке потроши 800 денари зашто ке си го реши проблемот со сјајот на кожата..... http://3.bp.blogspot.com/_fcesXeClNRo/S ... orstay.jpg[/img]
Супер покрива, мене не ми е ни тешка,ја користам секој ден, се упива во кожата и воопшто не чувствувам дека имам пудра на мене цел ден......не е како оние мат пудрите да се осеќаш како да имаш маска на лицето.....
Читав неколку страни напред видов некоја пудра Деби за млада кожа,што била многу убава и и така немам пудра па си реков да земам таква .Арно ама,сакам прво да прочитам нешто за неа,да и го видам опаковчето.А не можам ништо да најдам.Ако може некој барем и сликичка да стави,ќе му бидам благодарна ..
Јас сум прилично задоволна од пудрата,пред некој ден ја земав.За помлада кожа е,релативно покрива убаво па самата пудра+коректор дава убав финиш.Деби мат солушн...нема светкање самото име кажува,мат пудра е. Јас сум задоволна,немам проблематична кожа или акни така да немам ни којзнае што да покривам освен некои мозолки.Со оглед на цената ти препорачувам да ја купиш.Јас ја земав од Шатци,365 денари.Не содржи колаген што ја остарува кожата,претходно користев импала за секој ден ама откако видов дека ја стареела кожата ја откажав. Еве ја деби мат солушн:
Незнам која е таа импала што ја зборите и од каде ја купувате, ама очигледно доста луѓе ја користите,иако е лоша.