Подобро органска да си земеш. Од алверде поради твојата кожа. Ќе ја тагнам @koritsaki она користеше на Алверде.
@flawless-98 До која цена сакаш пудра? Од Алверде да наведам дека пудрите се и за чувствително лице , но не се толку покривни. Јас ја користам сега минералната во тубичка на Алверде и за моево лице супер покрива , немам мн неправилности на лицето. Е сега ќе ја тагнам и @marta993 да ни каже како покрива таа во тегличка што ја земала таа ја немам пробано. Инаку цените се движат од 130 до кај 200 и нешто денари и да не ти се погоди пудрата не е страшно. Друга пудра што би ти препорачала е на Bourjois healthy mix , само да знаеш дека повеќе е за нормално до суво лице , за комбинирано до мрсно се тие погоре на Алверде.
@flawless-98 Ја земав пудрата затоа што ми требаше нешто лесно, и баш се погоди да биде на попуст па си реков да ја пробам пудрава на Алверде. Кога дојдов дома бев скептична затоа што пишува gel makeup, па си реков нема којзнае колку да покрива. Првиот пат ја пробав со прсти и добив слабо до средно покривање , може да се надоградува. Не ја сетирав, ми требаше само за неколку часа и убаво издржа 4-5ч. Следниот ден ја пробав со сунѓерче како beauty blender и од резултатот бев многу задоволна. Средно до високо покривање како што кажав со надоградување на некои места каде што има поголема потреба може да се добие високо покривање. Со сетување на целото лице, посебно обрнувам внимание на Т зоната, пудрата не мрдна едно добри 8ч ако не и повеќе. Да напоменам, затоа што содржи голем процент на вода, брзо се суши и бара брзо блендање, дел по дел. Има пријатен мирис, но на оние кои што се осетливи на мирис во препаративна или декоративна козметика може да им пречи затоа што е поинтензивен. Погодна е за секаков вид на кожа, би рекла со блага наклонетост кон сувата кожа, иако има мат завршеток и не ги истакнува сувите делови на лицето. Цената е 115 ден, со 50% попуст.
@koritsaki, @marta993 Фала ви многу. Инаку, јас имам нормална до мрсна кожа на т-зоната, но многу ми е чувствителна и од секаква пудра ми излегуваат црвенила и бубулици. Ќе пробам од пудрите на Алверде.
Како што видов никој не одговорил на ова. Ја имам, ама претечна е. Покривност..хм. Така и така. Ретко ја ставам, ама не тежи на лицето, што е добро. Веројатно за дневна варијанта е ок, кога треба брзо да излезеш и да се шлакнеш по лице, лесно се размачкува. За типови што 24 часа се пренашминкани, дефинитивно не е. За на брзина да ти заврши работа да.
Пред месец дена купив пудра од Golden Rose, ми ја препорачаа па решив да ја пробам и не зажалив. Пудрата е Impala и искрено јас сум презадоволна од густината на пудрата и од тоа колку покрива. Користам 2 вида од истата затоа што така ја добивам нијансата што мене ми одговара. Добив и позитивни коментари за тоа како ми стои на моето лице затоа што имам осетлива и мрсна кожа. А и цената е "смешна". Оваа е 180ден. А оваа е околу 200.
Зошто јас кога ја користев пред години супер ми беше, ама после некако наеднаш како да не ми одговараше ни мојата нијанса а ни текстурата.? И престанав..
За да си добиеш нијанса што ти одговара можеш да мешаш и 2 нијанси, како што правам лично јас. А ако не ти одговара на кожата, ако не ти се допаѓа како изледа на лицето, тоа е веќе друго. Мада ништо чудно да и го измениле составот од порано, знам и мајка ми порано многу ја користеше и беше задоволна. Јас сум ептен задоволна.
Која пудра би ми ја препорачале за нормална накај сува кожа? Не ми е пресудна покривноста, нека биде лесна кон средна покривност, но да има полесна текстура и да дава dewy или сатенски финиш, не сакам мат. Моментално ја користам Ревлон за сува кожа, добра ми е, но не би ја купила сега пак поради мат ефектот. Се мислев меѓу Bourjois Healthy mix, Bourjois 123 CC cream и L'oreal true match. Првата ја пробав пред некое време од тестер и како да ми ги истакнуваше порите на образот и изгледаше малку cakey кај носот, па затоа сум малку на резерва во однос на неа, но не би ја исклучила сепак од опција. Добредојдени се сите дополнителни предлози или препораки во однос на овие три. Прифатлива ми е цена до 1000 денари. Ви благодарам.
Ако сакаш пудра со лесна кон средна покривност , јас сум за bourjois cc кремата или лореал тру мач. Можеш дури и таа healthy mix бб кремата да ја пробаш. Пудрата healthy mix мене ми е баш покривна , ако сакаш лесна покривност не ти ја препорачувам
Здраво женски.Дали можи да ми предложите покривна мат пудра ама стварно да е добра и да го прај лицето стакло!?
@mariiiii , Kryolan е професионална шминка и го прави лицето стакло, ама 1320 е 30 мл. До 1000 само на Ревлон ми текнува, ама и таа не е баш тотално покривна. Moжеш да ја пробаш и Catrice HD liquid camouflage, јас лично од неа сум задоволна а чини околу 500 денари.