Си пробала нешто од овој бренд Батерфлај? Претпоставувам дека е нешто од рангот на козметика како Ингрид, а во последно време изненадена сум од тој бренд, секако позитивно.
Ги немам пробано , ама одамна ја меркам подлогата за шминка , би требало да е добра бидејќи порано ја користев подлогата од Ингрид и бев праздоволна сега истата е заменета со новиот бренд Батерфлај . Да ја дотрошам од Голден роуз што ја имам и таа следна ми е во план.
Моментално Лореал користам, ја сменив мојата сакана Ревлон , ама ке и се вратам како што ми изгледа. Претходно и фамозната Estee Lauder ја имав, крш. Покривна е навистина , но таков глупав портокалов поттон му даваше на лицето, што ми се плачеше. А као ми ја одбраа за мојата кожа. Плус мат ефектот кратко трае. Ревлонот фајнали со пумпица е, па ке го купам пак Color stay
Девојки да ми предложите пудра или бб крем што не содржи алкохол, не мора покривна да е, за нормална до комбинирана кожа. Ви благодарам
Јас само да ја пофалам ГР-ХД Нијансата сум погодила,воопшто не двои од мојот тен 106.Четири дена по ред сум излезена по цел ден, ставам сабјле во 8 до вечер до 8 гајле немаЕдинствено челото засветува малку,ама не користам камена. Нанесувам со прсти по еден слој сосема е доволно,еднаш ставив со тоа розевото сунѓерче од Ебелин мислам беше ама не ми се допаѓа каков ефект се добива или па ја не знам како да го користам,четка немам Би ја купила повторно.
Баш ми е драго Кала. Исто и јас сум задоволна за секој ден,за на работа супер е. Сум си ја погодила нијансата и тоа е поен плус. Само една замерка имам а таа е дека оксидира,но тоа не е пречка пак да ја купам. Исто така не и ставам камена или пудра во прав дефинитивно држи. Трајна е да,се зависи и од негата на твоето лице. Инаку не е густа баш е течна и покривна.
А ме начека Во споредба со гр хд повеќе оксидира. Кај перфект 123 немам многу забележано да оксидира,но знае да те направи малку бела на слики со блиц. И двете си ги користам, уште имам од перфектот па ја користам кога излегувам,но за секој ден е малку тешка.
Сакам пудра за комбинирана кожа, но да не оксидира или минимално..затоа што имам многу светол тен и сите со портокалови подтонови многу грдо после неколку саати ми изгледаат. Идеа некоја?
Според мене не, убава пудра е, само проблем ми беа нијансите затоа што сум навистина светла па не успеав да си најдам соодветна.
Не, воопшто. Јас сакам потечна а покривна пудра и оваа е баш таква. Е сега проблем се нијансите, но ако ти се погоди навистина е супер. Би платила и повеќе за неа.
Rose beige совршено ми одговара првите неколку часа,но после ми потемнува се мислев да земам нијанса посветла ама да не бидам мн бледа
Ја имам на Bourjois 123 perfect ама некако тешка ми е, еве имам користено и други пудри многуу попокривни ама оваа некако многу ја чувствувам на лицето. Инаку убаво изгледа.
Мене Боржуа не ми беше тешка,баш напротив ептен лесна секојдневна.Веројатно зависи од кожата за разлика од Ревлон и Мејбилајн Stay 24 ли како беше таа последната,Боржуа ми беше многу полесна.