Можно е, можеби зависи и до ph вредноста на кожата. На пример за Catrice HD се жалеа некои членки дека им оксидира, а кај мене не оксидираше.
Ајде, кога веќе ја зборуваме Golden Rose HD, ја подарувам нијансата 105, само еднаш е користена. Одговара на Revlon 180. Кажав претходно, не ми е баш по ќеф па да не ми стои само, а гледам дека многу девојки се задоволни.
Баш ми е криво што не ти се погодила, јас ти ја предложив и малце ми е криво. Мене не ми оксидира (Катрис ми оксидираше доста), ама би сакала да има некој по така мат финиш. Инаку вака на топло светнувам по некое време, ама за во зима ќе биде супер. Подобра ми е од Хелти Микс на пример, со ХМ не издржувам ни два часа. Плус, со прајмер и пудрата Инста фикс од Римел ми е супер, како за чудо.
Многу се израдував кога видов кај Тати дека има нови нијанси. Сега видов и кај друга блогерка, па се надевам ќе ги донесат и кај нас.
За мене некоја -10 нијанса ако има, оти и најсветлата ми е пре, претемна. Па може ќе и дадам шанса тогаш.
Во Космо Зебра Боржуа Сити Радианс е 400 денари,читав некој ја фалеше тука.Има само најсветли и најтемни нијанси 1,2,5,6.
Баш ми е драго Кала. Исто и јас сум задоволна за секој ден,за на работа супер е. Сум си ја погодила нијансата и тоа е поен плус. Само една замерка имам а таа е дека оксидира,но тоа не е пречка пак да ја купам. Исто така не и ставам камена или пудра во прав дефинитивно држи. Трајна е да,се зависи и од негата на твоето лице. Инаку не е густа баш е течна и покривна.
Јас летоска ја купив во Еликсир во Охрид накај 400 беше на попуст, а кај нас во Скопје ја видов во ДМ во Сити мол ама ги немаше сите нијанси. Јас имам мрсна Т зона да знаеш, ама другиот дел од лицето ми е нормален и пудрата спиеше на мене буквално. 030 ја користев
Да не се лажеме, батали 49е, ама Dior си е Dior. И нај проблематичното лице го измазнува. Џабе фрлав толку пари, ги имам 10 различни, ама ниедна не е ни приближно добра како Диор. Ситни бубулици, акни, дупки, пори.. се се се измазнува, а изгледа толку природно. + лицето ми е мат најмалку 8 часа без камена пудра. Додека од сите други течни пудри ми светнуваше за пола саат. Ја купив на попуст на аеродромот во Берлин. Совршенство!!!
Се мислев каде да ја ставам сликата,но нека а овде погледнете го профилот има девојката пишувано за многу пудри, сапуни, шампони и други производи кои што многу и штетат на кожата. Дефинитивно ке ги исфрлам пола козметички производи што ги имам и после се чудам неможам никако да го исчистам лицето од брунчиња и акни.
За каква кожа и до која цена ако не ти е проблем , и ако имаш комбинирана масна кожа јас би ти ја препорачала оваа на MAC , има над 40 нијанси и нема шанси да не си најдеш соодветна. NC10 мислам дека е најсветла со розев подтон. Ама обавезно да си пробаш Друга на Револ колорстеј - 110 ivory Таа ја имаш во Космо и Зегин , околу 750 денари , имаш и за сува и мрсна кожа