Оваа ми е новата пудра. Прекрасна е! Лесна пудра е, за преку ден е совршена (иако јас и навечер ја користам, ама преку ден не ставам никаква пудра) и покрива доволно.. Идеална е за сува кожа
^ се согласувам. многумина зборат за имала, ја појма немам за таа пудра, само знам дека е тешка покривна пудра
Има некој што користи само камена пудра без течна, и многу убаво им изгледа лицето, е како така ? Мене ништо не ми покрива така. Сигурно не сум ја погодила нијансата ...
ја има во сите парфимерии,претежно во помалите и понискобуџетни, покривна е и е околу 200 денари негде, можеби и помалку, за парите е не е многу лоша но само ако имаш нормална или сува кожа, за мрсна кожа никако не е добра.....
Еве јас најчесто така правам преку ден, кога се брзам.. ама па и немам баш многу за покривање, најчесто за подочниците ја користам, ја имам кетрин арли со две нијанси што е.Ставам малку од неа и перли на образите и готовооооо
мене лиЧно импала многу ми се познава како недоразмаЧкана не ме бендисва ама знам многу сто ја користат па кој сака нека си проба и онака не е скапа
Јас ја користам и супер е имам и јас комбинирана кожа, ја користам цела година а секој ден ставам сега дури треба да си земам друга.А иначе каква камена пудра користиш? п.с Цената е околу 700 ден
Јес да Импалата многу ја користат, ја користев и јас до пред скоро, ама многу феминки се изјаснија дека содржи многу колаген и дека е погодна само за зрела кожа. Пудрава е многу покривна, но еве јас имам комбинирана кожа (мрсна само во т-зоната) и после саат време почнуваше да свети, а за на лето ич да не зборам..и некако изгледа лицето ми се презасити од неа и ми се правеа точкички, делуваше ко неразмачкана. Инаку, ја купував за 160 денари.
Другарка ми ја користеше оваа од Гош, па еднаш и јас ја ставив на лице. Искрено имам само поплаки за пудрава. Јас имам нормална кожа- пудрава многу ми го стегна лицето и воопшто не се нанесе убаво Другарка ми има мрсна кожа, по интензивно користење и ја исуши кожата и лицето почна да и се лупи. Така да, јас пудрава не би ја препорачала на никој.
^ а таа другата од гош? мислам пред некоја страница се спомна, позитивни карактеристики и ми одговараше според описот за мене, па ја ставив на листата за испробување..
Девојки ова случајно заврши кај мене, го платив некои 150 денари и да ви кажам многу сум задоволна како ми ја прави кожата. Не знам дали е пудра, дефинирано е како крем за сјај на лицето, ама ептен ми го изедначува тенот и ми дава убав природен изглед на кожата Ептен сум задоволна и благодарна на Судбината што не спои
На орифлејм е пудрава,околу 200 денари е во каталогот.Јас мислев да ја порачувам лилјаковата вери ми ама се откажав.Мислам дека е за нормална кожа.
Не е ова пудра Баге, ја имаше во 2 нијанси- мојава е потемна и ја платив по набавна цена- а за каква кожа е- па мојава е комбинирана накај масна, па ставам врз ова чудо и камена, ама задоволна сум како ми ја прави кожата ептен. Посебно кога ставам на вратот не се ни приметува дека имам нешто ставено, а сепак добивам тен Следен чекор кога ќе сум цел ден дома- ќе ставам само од ова од Орифлејм и ќе видам колку време ќе ми издржи лицево без да почне да свети
Па да Сеси,сакав да кажам нешто како крем пудра повеќе накај крем . Mи кажа другарка ми дека го изедначува убаво тенот,ама ете пуста не ја порачав.Ајде во наредниот каталог ќе ја пробам штом ја препорачуваш.
И ова чудово на Орифлејм е 30 мл !? Па кога ќе ја погледнам мојата Дебора, која тврди дека имала 30мл и не ми е баш верно милички, ми се чини дека ќе ја ''изедам'' скоро скоро,иако ставам по многу малку ама некако лаже тоа тубичето на изглед А кога ќе ми текне, толку беше и Импалата, а ми траеше по 6-7 месеци (иако ставав секојдневно, понекогаш дури и 2 пати дневно). Ај сега за да ме утешите - колку отприлика ви трае пудрата, ако се најде некоја љубителка на мојава горенаведена (може глупо е прашањето, ама ме интересира, љубопитност ради )
^^ Девојки, не се раководете според тоа која пудра повеќе ви траела, е ај сега ќе го купам понеквалитетното оти повеќе трае? Сигурно не. Во лицето треба да се инвестира, не експериментирајте со секакви чуда. Трошењето на пудрата е правопропорционално со бројот на нејзиното користење. Значи зависи колку почесто ставаш толку ќе ти трае, а инаку сите пудри се тука 30-35 мл. Хипотетички јас ако ставам секој ден пудра, па за месец, месец ипол би ја истрошила сигурно.
Ма зборот ми беше дека паковката не ми е веродостојна со наведената грамажа, а може и се лажам (не може, ами сигурно), скептик сум голем, тоа е! А за тоа дека треба да се инвестира во лицето - казвам категорично да!