Ја користам биотен, која е хидратантна, но не помага. Која би ми ја препорачала, се мислам за гарниер од роза, ама има два вида или некоја пак друга? Ти со која пудра ја мешаш, која би можело?
Девојки, дали можеби имате инфо дали ДМ или некоја од другите дрогерии кои продаваат Катрис козметика кај нас, би ја донеле во скоро време ХД пудрата во новите нијанси? Кај нас ги има засега оригиналните 4 нијанси кои се премногу ограничувачки, но уште пред извесно време од Катрис пуштија во продажба уште 14 нови (вкупно 18 нијанси), а за 2019. година имаат во најава дека ќе пуштат уште, па би било убаво да го имаме изборот и кај нас, со оглед на тоа што е навистина квалитетна пудра по солидна цена
Ако сакате ЛЕСНА пудра со добра покривност ви ја препорачувам на Bell пудрата. Досега јас ја купував од Космо во Сити Мол, на други места ја немам видено.Цената и е од 300-400 не знам колку е точно. Има три нијанси, мене ми е прелесна за нанесување, се чуствувам како крема да сум ставила.Ми држи покривност по 7-8 саати. Друга препорака од мене е на Deborah 24 ore пудрата во црна туба.За таа количина искрено цената стварно е висока, над 400 е мислам.Ама со зрно пудра се покрива цело лице ПЕРФЕКТНО.Кој може нека ја купи ја препорачувам. Исто ја имам користено и на Catrice HD пудрата.Исто добро мене ми покриваше ама некако тешко ми делуваше, ама јас во лето ја користев.За есен/зима е таманка. Инаку имам МРСНА Т зона со нормална кожа. Сега Bellot ми е прикрај или пак од таа ќе земам или ќе ја пробам на Буржуа Хелти Миксот. И на Max Factor пудрата 3 in 1 ми се допаѓа исто, лесна е како Белот и покрива.Јас додуша немам акни или пори ама имам темни кругови околу очите кои се мачам да ги покривам.Овие пудри ми покриваат накај 80%. @MagsDestiny јас имам пишувано за Катрис ХДто.Јас ја купив летоска во Охрид во Еликсир.Баш бев прееска во Еликсир во ГТЦ и ја имаше.Сум ја барала во Космо и ДМ ви Сити Мол и ја немаа воопшто.
Ама не за пудрата Катрис ХД општо, туку за новите нијанси кои ги најавија на официјалните профили нивни по социјалните мрежи. Ги нема уште кај нас, се надевам и јас дека ќе донесат барем некоја посветла за конечно да си најдам соодветна нијанса од таа пудра.
Па не сум прочитала убаво, набрзина вратив. Јас ја користев 030 Sand Beige. Во Еликсир конкретно колку што видов се движеа нијансите од 01-05
Секаде се тие 4 нијанси од сликата, нема други кај нас. Супер штом си нашла нијанса, мене не ми се погоди пудрата во тој поглед, многу ми е темна 01. Ако донесат нешто посветло би било супер, ама прашање е дали воопшто ќе донесат од новите кај нас. Ма да, би требало па да видиме кога.
Толку ли си светла изгледа ист тип на кожа имаме, ако не донесат нијанса соодветна на твојата кожа пробај некоја од пудриве што ги пишав.Bell не е некоја позната марка, на ризик ја земав првиот пат ама супер е.Петто шишенце како го трошам.Јас сакам полајт пудри, инаку се осеќам како паштета да сум шлапнала
Јас немам убаво искуство со Гарниер кремите. Би ти ја препорачала кремата од роза на Алверде, природна, прехидратантна, мене само таа ми го спасува лицето преку зима. Дури и сега ја користам кога не е толку ладно и супер ми е. Ја има во ДМ, не е сакапа.
Благодарам на советот, ќе ја земам овие денови, се надевам дека со оваа крема пудротo Буржоа perfect 123 нема толку да ми го суши лицето, и барем по ќе ми биде покривно инаку не знам што би правела.
До која цена? Мои препораки се - MAC Prolongwear waterproof , MAC Studio Fix fluid и од поевтините Bourjois Air matte
L’Oreal Infallible Pro-Matte Revlon ColorStay А од поскапите, ако веќе не ти е важна цената, Estee Lauder Double Wear.
Од најновата пудра ( ако не се лажам ) на Гр сум презадоволна ! Совршена за комбинирана но мислам и масна кожа. 12 часа + Лореал сува пудра над оваа ГР и лицето топ ми е ! Прелесна пудра , доволно покривна а и ни коректор за неа не ми треба дека е 2 во 1