Здраво, девојки. Дали би ми препорачале некоја пудра/коректор и primer за секојдневна употреба имам мрсно лице склоно кон појава на акни. Незнам колку е во ред користам Cover me од аура стик е но го користам поради лесната формула и покривноста доколку знаете нешто кое би ми траело повеќе и не би се мастело брзо и да го има повеќе на пазарот пошто не сум од Скопје.Ви благодарам.
За пудра , бидејќи не си од Ск , би ти ја препорачала на Буржуа Аир мат или 123 перфект да ги пробаш. Секаде има тестер од нив , можеш да си пробаш. Таа Аир мат има повеќе покривност и трајност , но боите се малку чудни , ако си многу премногу бела нема да ти одговараат нијансите. Штом имаш мрсно лице , мора да ја сетираш пудрата со пудра во прав или камена пудра
Па, сум бела да..досега се што сум пробала било од најсветлите нианси, ја сетирам будрата со пудра во прав инаку потоа камена незнам зошто, можеби така посигурно се чувствувам...
На течната пудра боржуа хелти микс , каде можам да најдам кој број е...пред некој месец ја земав сега нова сакам да купам гледам на попуст е неможам да најдам кој број е... а отепав од вртење
На капачето треба да има на налепница, и уште една налепница што го спојува шишенцето со капачето. И одоздола на дното треба да е отпечатена бројката на самото стакло.
E nedaj boze da e ova crnoto izbrisano... a nalepnicata se vade kine us koga kapaceto se otvara.. lele ama se iznervirav orv pat vaka na pudra brojka ili boja da ne pisuva na asalno mesto
@Leo-nora земи го коректорот со тебе и спореди го со тестерите во дрогеријата. Ќе ја најдеш твојата нијанса.
Веројатно, ептен лошо ги означуваат Понеси ја со тебе пудрата во парфимеријата и спореди на рака свочеви од неколку нијанси со своч од твојата пудра, се надевам ќе ја најдеш соодветната.
Една од најпокривните пудри на светот, повеќе е за сценска / филмска шминка дека е јака. Ии, ако сакаш и за на свадба.
Ми ја ставија еднаш кога бев на шминкање, буквално како ново лице да добив, дури малце вештачко изгледаше. Препокривна е и дефинитивно не е за секојдневна употреба. И искрено ако немаш доволно искуство со шминка не би ја препорачала бидејќи ваква професионална пудра одговара само ако и другите делови од лицето се прецизно и професионално нашминкани.
Имам комбинирана кожа Предлог пудра? И мене ме интересира баш за таква кожа каква пудра и со што да ја чистам кожата. Ич не се разбирам би било добро некој да ме упати макар во ЛП. Поздрав
Идеална пудра баш и нема, ти предлагам да ја купиш Bourjois Healthy Mix како златна средина и да ја сетираш т-зоната со камена пудра. За чистење, пак златна средина, розевата мицеларна вода на Garnier. Ако користиш водоотпорна маскара, за очите земи двофазен отстранувач на шминка, од Nivea или Garnier.
Јас не би ти ја препорачала хелти микс зашто таа е за сува кожа, ама ја користат и тие со комбинирана кожа и светнуваат после 3часа. Јас имам комбинирана со мрсна т-зона и за сега најзадоволна сум од Боржуа 123 перфект,Ревлон Колорстеј и Мек Студио Фикс. А како за секој ден имаш нискобуџетна пудра на Голден Роуз Hd преубава пудра. Идеална не знам дали има,поскапа е таа на Мек,но доста е фалена во темава. Едит: За чистење на лице го користам тоа на Byphase тоникот и млекото и за сега немам забележано контраиндикации, по чистењето лицето ми е мазно и нема остатоци од шминка, мрснотијата ми е намалена.
Уште не..Од тука ама сеуште не ми вратија дали праќаат по карго ги чекам веќе два дена да одговорат ги нема..