Moжеш и oд Schatze да си нарачаш, во Schatze Palma Mall Тетово ја има постојано а вршат и достава. Еве ги цените: 30ml - 1320 ден. 55ml - 1900 ден. @MonMon
Max Factor FACEFINITY оваа мене ми е супер и лесна. Не е скроз мат но одговара на масно лице. Само нијансите се проблем, прилично се светли па зависи дали ќе ти одговара. Покривноста и е солидна но е е фул.
Мислев во домашни услови, едната пудра ми е темна помешав со крема за лице.Не пробувајте ни п од пудра немам на мене
bobbi brown пудрите ги користам и задоволна сум ама скапи се ,стик пудрата е 3500 мислам. ама јас ставам мн ретко пудра само за вечерно излагање или настан и знаат и цела година да ми траат.
Ја земав новата пудра на Aura -Total Pro, цената и беше 380 денари. Досега ова е втора пудра од нивната марка која сум ја пробала, првата беше Take Care Of Me за која можам да кажам дека не ме воодушеви многу. За разлика од неа оваа се покажа навистина солидна. Би рекла дека има некој полу мат но повеќе накај мат финиш зависи што подлога користите, јас имам премногу сува кожа па ставив доста хидратантна подлога и на мене имаше мал блесок. Прекривноста и е средна накај висока, еден слој е повеќе од доволен да прекрие се (јас имам поприлично за прекривање хиперпигментација и флеки од акни) и еден слој совршено го прекри сето тоа што дури се зачудив. Не ги истакнува порите, дава блур ефект, навистина е како што е наведено во описот дека дава т.н "фотошопиран" изглед, за свечени прилики кога има сликање е идеална. Е сега единствениот проблем се нијансите, првата најсветлата е премногу светла - креч. Втората по неа natural мислам дека се викаше јас ја земав таа и исто е доста светла а третата нијанса пак е многу темна и портокалова, нема некоја средна нијанса па изгледа ќе е најдобро да се мешаат овие две барем за мене. Потоа нијансите што следуваат се исто така доста темни, тие што имаат таков тон ќе можат лесно да си погодат. Не содржи парабени што мене ми е доста важно. За таа цена навистина ме изненади па доколку некој бара мат пудра со одлична прекривност и да не кошта многу, мислам дека ќе му е супер.
Девојки ве молам кажете каде да ја најдам Катрис пудрата бев во едно Дм бев и во Еликсир не ја најдов
@Elence93 прееска видов баш таму дека бев на проаѓање и ми рекоа дека не држат веќе Ако некој има видено нека ми пише