@eli25 уф ти ја утнале нијансата баш од пудрите на Мac има за секој нијанси сега плус има и 10тина нови , јас порано ја користев NC15 ама мааалку ми беше светла , сега ја земав NC16 и супер ми е , перфектна, не ми е толку бела
Ако ја нанесеш со бјути блендер изгледа одлично.Јас имам флеки на третина од лице и тоа баш на јаболчниците и мене со коректор малце под пудра одлично ми покрива.Пробав и др пудри ама само оваа ми трае 14 саати без проблем а имам премасна кожа.
2990 или 2890. Ама таа што во моментов е на акција за околу 700 денари е мало шишенце од 15мл, да си знаеш ако планираш да ја земеш. Aко не им се пуштени некои претемни нијанси (обично ставаат ретко употребливи нијанси на вакви травел сајз пудри ), земи ја да ја пробаш. Јас не би ризикувала со неа без да пробам (всушност и со најевтината пудра не би ризикувала веќе да ја земам на непробано бар од тестер на цело лице ), еве мене не ми се погоди формулата. Ми се собира во мимичките бори по 2-3 часа и испливува на површината на кожата некако без врска. Од хајенд козметика, особено кога се работи за течни пудри, многу позадоволна сум од Ланком и MAC.
Регулар е 2900 така нешто а најмногу ја намалуваат до 2400 .Ја има на акција сега таа nude новата но незнам каква е.Ако имаш некој што ти доаѓа од странство да ти ја донесе многу е поефтина,сестра ми ми ја донесе од Мелбурн и ја плати 50 долари некои 1800 денари а јас и ја дадов мојата МАС пошто не ми одговараше.Инаку ако не си ја пробала ревлон колор стеј пробај ја зашто се многу слични со Д.В и е многу поефтина,јас работам 12 саатни смени па не ми издржуваше инаку е одлична .
Мислам дека со тебе зборевме за пудрава одамна во темава. Јас исто ја нарачав преку другарка од страна, ама не ни беше судено со пудрава. Ептен ми испадна ко да купив Макс Фактор пудра, исто како МФ Фејсфинити ми се однесуваше на лице, а таа пудра не ми одговара баш. По формулата, од ЕЛ многу повеќе ми одговара Maximum Cover во сината туба, ама малку ми е тешка за секој ден (а скоро секој ден сум со пудра), па ја користам повремено. Е на неа и да сакам не можам да и' најдам замерки, супер ми е, си стои и не мрда дури не ја извадам.
Да да со мене ,па мислам по твоја или по препорака на Користаки и ја земав D.W stay in place и од тогаш ќе се залажам по некоја друга но џабе.Јас си имам среќа пушта сестра се и сешто пошто е луда по козметика но џабе не одговара ништо, и Lancome ми ја пушти заедно со Dior ама колешките им се израдуваа место мене .
Ако ве води патот накај Грчка , ЕЛ сега за black friday до сабота е намалена 40% попуст- 28 евра. И не само таа туку и другиве гореспоменати пудри MAC исто така ставија до 50% попуст на се
Девојки попусти на кои пудри има сега за Black friday sale?Некои понуди да ми посочите во ДМ, Еликсир, било каде?
Healthy mix-от за сува е само ? Ми дадоа тестери, ја пробав лесна е, ок личи. Ама јас имам комбинирана кожа . @Salome бев во космо и купував на сестра ми пудра , има доста намаление појди таму.
Healthy Mix реално можеш да ја користиш и на комбинирана кожа, само работата е во тоа што многу побргу ќе светнуваш, особено во Т-зоната или каде најмногу и да ти се мрси лицето, ама ако тоа не ти претставува проблем, лесно можеш да го поправиш ако со себе си носиш марамици за blotting или камена/пудра во прав. Јас имам нормална до комбинирана кожа, преку цела година ја користам Healthy Mix, ретко ставам други течни пудри, зошто ми е лесна на лице за секојдневна употреба а и онака немам што да покријам, само убаво ми го изедначува тенот
Не можам да си најдам лесна покривна пудра имам акни и проблематично лице имам проблем со наоѓање на соодведна пудра.Иначе имам комбинирана до мрсна кожа. Ве молам препорачајте ми нешто..