Ингрид, скоро никој не ја препорачува, не ја знам причината. Јас ја употребувам после макс фактор и многу-бројни познати фирми, ама од неа сум презадоволна. Оваа пудра ја комбинирам со камена ☺ п.с истата кожа ја имам.
Ако имаш проблематично лице тогаш имаш сува и чувствителна кожа,не би рекла дека имаш комбинирана. Јас имам комбинирана со мрсна ама моето лице не е проблематично. Треба да пробаш нешто на алверде, за сува кожа и хелти миксот е препорачлив. Можеш и Римел да ја пробаш.
Моето лице е до некаде проблематично, но мрсна кожа, но да. Ако има сува кожа, освен течна не би препорачала да комбинира
@buba4e89 премн ми се мрси лицето како со зејтин да сум се мачкала,свети мн. Хелти миксот ја имам супер е за секој ден ама ми треба нешто по покривно за излегување итн
@Mishela сакам да ја пробам пудрата на ревлон колорстеј. Знам дека си светла како мене, па може да ми кажеш која нијанса би одговарала со буржоа хелти микс 52?
Мишела не сУ, 150ка за тебе Јас ја зимам 180ката иако реално сум за 150, да не сум ептен како дух али ако не ја изблендам добро ми двои вратот
Јас не сум ни за 52-ка од хелти миксот, и таа ми е потемна Ќе се проба 150-ка. Тестери во Космо има, така?
И јас не сум Mishela Теоретски 150, во пракса, помеѓу 150 и 180, 150 е пресветла а 180 претемна. Гледам си додала 52 ти е темна, е па тогаш 150 дефинитивно. Има тестери во Космо.
Мене лани Буржоа перфект 123 (број 50, ванила розе) ми беше стварно перфект! Годинава лицето ми изгледа како да се лушпи... Значи сега ќе ми треба ноа пудра. Т зона ми е како кожата да ми испаднала, а гледам и образиве засушуваат лошо. Од ланската само бојата ми е точна. И Боби Браун што ја спомнувате колку е, за каква кожа е и најважното нијанси дали има?
Ајде и јас да пробам да помогнам Прво ја купив 150 ми изгледаше на лице ко да сум анемична. Потоа 180 која е потемна и јас ги мешам Еве слика од двете бројчиња: Спојлер
Хммм... Не е лоша идеја ова со мешањето Само морам прво тестер да видам на лице како ќе легне. Фала на сите за одговорите
Јас ја користам 150ка, таман ми е. Ако си многу светла, можеш да бираш меѓу 110 и 150. 180 е претемна за светол тен. Мене ми одговара и 110, ама подтонот е чуден па ја купувам 150. Таа ми е супер.
Хахаха купуј 150ка тогаш, ама за фрајдејов беше 630, кога не е на попуст е 900. Во зегин мислам е 780
Луѓе јас ја купив оваа хелти миксот..и баш ми е така посува до нормална кожата арно ама не знам шо е проблемот на челото и околу носот како брашно како лушпи се прат.. стално го негувам лицето и секојдневно ставам хидратантен крем :/ што може да биде?