Не ја знам кремава. Веројатно како што заладува времето и кожата ти станала посува, на сите обично така им се случува. Сепак, може и да ти се презаситила кожата дека подолго време користиш ист крем. Јас сепак во кремот мислам дека е проблемот затоа што Healthy Mix одговара за твојот тип на кожа. Прочитај во темата за креми за лице некои препораки, јас не знам да ти препорачам затоа што имам комбинирана кожа.
Девојчиња, дали пудрата Катрис ХД ќе ми одговара на комбинирана кожа? Имам масна т-зона и сега ја користам на Римел таа со црвено капаче ама светнувам за 1 до 2 часа дури и со камена . Штета, а баш ми се допаѓа како изгледа.
Таа на Римел е за сува и нормална, а Катрис ХД е за комбинирана и мрсна. Ќе ти одговара сигурно. Мене ми е најпогодена од сите, само нијансите не ми се свиѓаат, па секогаш ја мешам со друга оф топик, ако ги донесат кај нас новите нијанси пишете.
Дали пудрата хелти микс има покривност односно дали покрива флеки од акни? И ако може некој да ми препорача пудра со голема покривност но да не ми ја суши кожата зашто ми се прават лушпи и многу лошо изгледа
Девојки мислење за пудрата на Estee Lauder, покривна ли е, да не свети, да не го суши лицето? Планирам да ја земам ама незнам дали оваа или нekoja друга
Која е најсветла нијанса од Мејбилин суперстеј 24ч што ја има кај нас? Ја имам 110 и ми е темна бидејќи оксидира, а на нет видов дека постои и 102.
Супер, знам дека ја имаш користено и Катрис ХД па која би ја избрала ти повеќе од овие две за комбинирана кожа? И колку пари е Мејбилин? Оти и пудри што се премногу мат, како на пример Севентин мат не ми одговараат ми го пресушуваат лицето, ми се собира и неубаво изгледа.