Денес пробував многу пудри, ја купив на мејбилин суперстеј бидејќи имам комбинирана кожа и највеќе ми одговараше, покривна е не е мрсна и не свети. еве ја пудрата и бројката
Која од течните пудри од Bourjois е најпогодна за мрсна-комбинирана кожа? Ја имам Healthy Mix и иако е преубава мислам дека повеќе одговара за посув тип на кожа и не би ја купила пак.
Ако имате и малкуцка сува кожа, 123 не е за вас. Нема што не пробав, користам мрсни креми, пример др. Хаушка од роза под неа, неа ќе ја разредам со мрсна крема, пак е сува барут Ама ако имате мрсно лице, 123 ќе биде одлична. Хелти Миксот ми се погоди ЕПТЕН, не е мрсна на лице, баш е семи-мат, носот и под очи секако печам, така ми трае задоволително и не светам Да земам плата па ќе го купам и серумот, сакам така my skin but better за преку ден. За навечер Ревлон Колорстеј ми е незаменлива, покривна е ама не е како препарирана да сум, денски нејќам до толку напудрена да бидам. Ама пак да се заблагодарам за препораката на @Mishela за Ревлон Патем, не сум најсоодветна да кажам за баш некоја покривност, мене и Хелти Миксот ми е фул ковериџ кога ќе ставам два слоја, немам бубулици, црвенила, лузни по лице, имам пеги, а нив ги покрива без проблем.
Имам комбинирана кожа но сега откако залади ми е сува многу. Ја користам ревлон колорстеј пудрата за комбинирана кожа со биотен зелената хидратантна крема како подлога но по 5-6 часа носење ми е цело лушпи лицето. Така да дали оваа пудра е погодна за комбинирана кожа, или пак друг предлог?
Добра е за комбинирана кожа, само е малку леплива ако ја оставиш без пудра во прав одозгора. Барем кај мене беше таква. Многу убаво покрива, само мене ми беше малку тешка формулата. Не во смисол да ја чувствуваш тешка како маска на лицето, туку ми избиваше во Т-зоната како слој. Ако имаш комбинирана кожа, би требало да ти се допадне мислам.
Денес си ја купив Trend IT up Sheer nude од DM.Прв пат ќе ја користам,дали е добра? Немам искуство до сега со оваа пудра,долги години користев друга (ама почна да се намалува квалитетот),ја зедов оти беше на попуст.
Може ли некој да ми предложи течна пудра (лицето ми е суво периодов од годината) некоја full coverage стварно што покрива се
мене идеално ми одговара ревлон 150 ама сакам сега мејбилајн Superstay да ја земам да не знаете нијанса најблиска до 150ка што нема да ми оксидира премногу ?и некое коментарче плус за мејбилајнот да не ја пресушува кожата
Јас сум исто 150ка ревлон и ја пробав мејбилајн суперстеј во Космо. Најсветла е ivory, но за жал претемна за моја кожа. Ја ѕирнав и нијансата после таа но таа уште потемна така да мислам дека нема нијанси од таа пудра за нас овде у Мк.
Која пудра би ми ја препорачале, јас имам комбинирана кожа со масна т-зона. Сакам да не е многу тешка, не мора да има некоја голема покривност само да не ми ствара акни, мака мачев со нив до скоро па и сега чат пат... до кај 500-600 денари
Јас ја купив пудрава, така е како што пишала @MonMon но ако ти се суши лицето не ти ја препорачувам. Ја користам 2 недели и ми го суши лицето, инаку е ок.
Јас имам екстремно мрсна кожа посебно летно време а пудрава со години ја користам и не сум светнала никогаш.Пробај ја во космо прво види дали ќе ти одговара.Она е тешка за секој ден ама па мене не ми е воопшто.Се зависи од кожата .