Јас искрено пудрата која ја користам, ете конкретно Ревлон, претходната што ја купив негде летото ми траеше не повеќе од 2 месеци, ама ја користев секојдневно, некогаш и 2 пати на ден,така да си мислев дека многу брзо ми се троши, но следната ја купив негде септември, и ми таеше до пред некој ден, значи Мај (значи 8 месеци која разлика), а се работи за истата пудра Така да стварно нема врска, зависи колку ја користиш, на зима поретко и излегувам и помалку се троши ,тие што не ставаат секој ден пудра ја користат година и повеќе ко ништо.....
Јас ја користам РЕВЛОН течната пудра за комбинирана кожа,одлична е(таман работа за тие пари уште да не е 780 ден. )Камена пудра користам МАКСФАКТОР,сега ми е при крај а не сум при пари па сакам да прашам дали е убава камената на КЕТРИН АРЛИ? поздрав
а воопшто кај се набавува козметика од Maybelline? или пак Catherine Alley? за овие сум чула само по туториали за шминка по јутуб, вака не знам, информации ве молам! камената пудра ми се распадна (од голден роз ми беше-не бев задоволна) па сега сакам да пробам некои други, затоа прашувам :/
Таа ја немам пробано. Сепак, пред да се одлучиш да ја купиш, земи си тестер од парфимерија и види како ќе ти дејствува на кожата
Мене ми трае околу 4месеца...а многу е чудно-еве користам дебора од 30мл,и секој ден ставам и тоа не по малку,некогаш се случува и два пати да ставам и пак толку трае секогаш пудрите отприлика толку ми траат 3,4 месеца,а секогаш ми се од 30 мл
^ E толку се ''јаде'' веќе некако, него да ве прашам дали би ми препорачале некоја од камените пудри на Менхетн - добри се или да не се мачам ич да си барам некоја ?
Јас ја користам Кетрлин Арли 4-5 години и сум презадоволна. За сто и нешто денари стварно е добра. Покрива доста, а со поквалитетна течна пудра одоздола е одлична комбинација
Јас оваа козметика ја набавувам кај другарка ми во парфимерија Јоготка се наога во Кисела вода во близина на пелагонија
Мејбилајн има во Јуник, во Ким мислам најефтина е (карши спицикото во ГТЦ и во Бисер), во Шатце, во сите доброснабдени парфимерии. Ама Мејбилајн не е ефтина козметика, за разлика од Кетрин. Знаејки течните пудри им се над 500, значи тука некаде се и камените. Јас ја користам на Менхетен камената, ја добив на подарок во една промоција со течната пудра. Течната пудра ја подарив зашто не ми одговараше ич, џабе ја купив ич не се добри Менхетенот за сува кожа. А камената ја користам, во глобала ептен малку користам камена, само со четка поминувам онака колку да не се разлева течната пудра, зашто користам многу хидратантни кои на топло светкаат. Па менхетенот супер ми се виде. Иначе се 400-500 ден.
Ќе ве молам за сугестија на камена пудра која не е скапа до кај 300-400 да е (а можи и поевтина) а да е добра а не е фуш
марина во предходниот пост имаш објаснето за менхетен камената пудра дека е добра и е докај 400 ден потоа имаш на макс фактор околу 400 ден е јас ја користам на дебора во црвена опаковка е цената и е 300 ден или најевтина варијанта е катрин арли 100 ден е ја имам користено ок е за тие пари и се надевам дека ти помогнав
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ фала мнооогуу а задоволна си од дебора?и онака си ја имам течната 24оре па така да ке биди супер во комбинација,имав јас maybeline http://www.google.com/products/catalog? ... DkQ8gIwBg# и искрено мн беше убава ама немам видено баш ваква низ битола тнх
нема проблем повели и другпат и да ти одговорам задоволна сум и од двете камени пудри на дебора едната е 300 таа што ти ја спомнав а другата е докај 600 ден ама и оваа црвената опаковка е добра и да што викаш со комбинација на течната ке биде супер.
-Дебора-Ла чиприа, со црвена опаковка, ја користам и јас, од 300 до 350 е некаде, и стварно е супер, мат изглед дава и што е најбитно трае Јас мислев оти бараш ефтинка така, затоа кетрин Арли ти ја посочив, ама за со течна дебора пудра, ова би требало да е совршена комбинација едит: само некако темни се нијансите бе, ептен треба да пазиш да ја прилагодиш нијансата спрема кожата
Имам еден заклучок од користењето на камена пудра. Во никој случај не ја нанесувајте со сунгерче, исклучиво со четка. Има многу голема разлика.
На Голден Роус. Ја купив денеска непланирано и добра е. Не знам колку покрива мозулчиња бидејќи ги немам, но супер ми е за да се покрие сјајот откако ќе ставам павловичева, па течна пудра. И не е како паштета, многу битен фактор.
Девојки ќе може ли да ми препорачате некоја добра пудра за лице, порано користев секојдневно сега веќе воопшто не користам освен камена врз коректорот ( на подочњаци). Е сега ми се ближат неколку „поважни“ настани па сакам да си купам. Кожата ми е комбинирана, најчесто немам бубуљички освен пред да добијам или по 1-2 ако се појават онака. Сакам пудра која ќе покрива но и ќе дава свеж изглед на лицето, се надевам ме разбирате. Јас ја користев оваа долго време меѓутоа не ми покриваше повеќе ми беше како крема... што знам, не би ја купила пак