Не сум ја пробала, напнав само со Bourjois последниве години хахха Не знам која од ревлонот би ми одговарала? Таа за масна и комбинирана да не е премногу мат? И кој број одговара на Хелти микс бр 53?
220 би ти рекла на 53, на 54 одговара 240. Јас ја користам 240. Не е скроз мат, имаш за комбинирана и за нормална кожа.
Знам дека има, поентата ми беше некој што го користел да сподели дали е добар и се исплати или е подобро да си купам светла пудра.
Според мене подобро е посветла пудра, купив на катрис за осветлување пудра и не сум задоволна ке додадев уште 200 денари подобро за да ја земам на wet n wild. Мој предлог е посветла пудра
Многу ме нервира сајтот на Зегин. Во последно време не објавуваат акции во месечни/неделни акции делот. Или па јас немам поим кај да кликнам. Ќе се земе, фала на инфо од прва рака.
Планирам да ја земам оваа пудра на Алверде, дали некој има искуства? Сигурно имаат пишувано по другите мислења но неможам да најдам. Имам комбинирана кожа и сакам пудра со средно ниво на покривност, да не биде премногу тешка туку секојдневна и да не е многу мат за да гу суши лицето
@RockNroLLGirL Имам пишувано за пудрите на Алверде, еве. Е сега, не можам да тврдам со сигурност дека и тебе нема да ти се допадне, може е до мојата кожа, не знам. Ама сум читала и други девојки незадоволни од нив.
Не можам да се одлучам помеѓу катрис хд и ревлон колорстеј како и да се викаат. Која би ми ја препорачале вие?
Ги имам и двете Ревлон дефинитивно. Јас имам масно лице, проширени пори неправилности една од ретките пудри која е идеална за мене. Ја корустам и преку ден без прајмер и за вечерни излегувања, свадби и др прилики со прајмер и супер се покажува цена е 790 во зегин. Пробај тестер сама ќе осетиш. Позз