@Biodevojka и некој друг ако би знаел, ми треба помош. Ве молам посочете ми пудра со лесна-средна покривност, со добар состав, и најбитното за сува кожа. Знам дека имам многу барања, се надевам дека постои нешто такво. Морам да посочам дека од течните пудри на Алверде имам пробано од тестер и од секоја ми се правеа ситни лушпи Кожата ми е сува, чувствителна и склона на по некоја акна. Ако знаете пудра со добар состав, без разлика на цената, ве молам просветлете ме. Фала Едит: за Скопје прашувам.
Во еурофарм во веро центар имаат тестери од пудрите на Др.Хаушка , побарај им и баш пробај ја како ќе ти биде јас имам масна кожа и со нивната пудра во прав ми беше одлична на лице , пудрата одговара на сите типови кожа
Pudrava e nova, dali nekoj ja ima koristeno i da kaze zbor-dva. Stanuva zbor za Seventeen, skin perfect se vika.
Јас ја пробав минатата недела. Густа е, покривна,долготрајна, морам да признам, малку како тешка ја осеќав.Имам комбинирана проблематична кожа. Не се осмелив да ја купам сега, со попуст беше околу 750 ден.во парфимерија во Бт.Има доста нијанси.
Ја има ли некој користено пудрава? Немам воопшто користено пудри на Есенс, но по тестерот ми делуваше лесна.
Со оглед на тоа што рече независно од цената, во тој случај Dr. Hauschka дефинитивно. Мене многу ми се допаѓа, не е премногу покривна, изедначува и погодна е за скоро сите типови на кожа. Не масти, меѓутоа доста хидрира. Поздрав
Само да ја пофалам пудрава. Имам масна и проблематична кожа и за прв пат да си најдам пудра која матира и има одлична покривност и боја. Дефинитивно ќе ја купам пак кога ќе ја потрошам.