@anggell во Зегин и Еурофарм , а до 7ми во Зегин моментално е на 25% попуст , околу 900 денари. Јас ја имам користено и е една од најдобрите органски пудри што ги имам користено досега.
Ја нема во Македонија од декоратива само течната пудра ја има. Ја порачувам јас од Германија пудрата во прав цената е околу 25 евра. Најблиску во Србија ја има инаку..
Wet n wild photophocus и Catrice HD, двете одговараат за мрсна кожа и првите нијанси им се доста светли.
Првата ја има во сите ДМ, а втората само во Веро Џамбо мислам и во Еликсир парфимерии. Првата е околу 500, втората 550 некаде. Одамна ги немам купено, па ако знае подобро некоја членка нека ме поправи.
Не знам дали е уште на попуст. Комбинирана имам, со мала количина камена одозгора на т-зоната не ми мрда цела вечер само што па малце ми се собира како лушпи на сувите делови на образите :/
До минатата недела беше 330 со попустот, сега им е мислам пак на акција и е 349. Добра пудра, мене ми се погоди ептен. Малку е потемна од Ревлон Колорстеј 150, за многу малку се разликуваат и ми се погоди нијансата, а и формулата. Ме изненади, од таква течна пудра очекував многу слаба покривност, ама супер покрива. Одлична замена испадна, да ја паузирам малку Ревлон зашто ми здосади толку време со една иста пудра.