Од сите пудри на Алверде - оваа на сликава. Нијансите се овие. Јас ја немам пробано , колку пати сум викала ќе ја купам и ништо , мислам дека ја `одбегнувам ` поради пакувањето , милион подобро пудра без пумпица отколку пудра со лажиче ако ја пробаш , кажи ми како ќе си задоволна , Биодевојка ја има користено и ми ја има фалено многу , и таа има комбинирана - мрсна кожа
Од пумпица поубаво нема. Со лажичка ич не ми е практично, тешко дека ќе се искористи цела пудра. Вака како што гледам би требало 010 да ми одговара. Колку ќе издржи на моето мрсно лице незнам. Ќе ја пробам па споделувам мислење
Девојки некоја од вас да ми предложи лесна пудра за изедначување на кожа (ако може да биде и на природна база, исто така имам суво лице) ми треба за секојдневна употреба онака за во школо.
Бб кремче јас такво користам за во школо јас имам на гарниер а ако сакаш на природна база можеш од фармаси да си порачаш, а за пудра незнам која би ти ја препорачала.. сепак мислам дека е подобро бб кремче
искуства со новава пудра на аура? ја земав вет н вајлд фотофокус..и се разочарав..ниту е покривна, ниту мат, воопшто не стои добро на лицето, оксидира после неколку часа ептен приметливо, а за мирисот да не зборувам скоро цела си е, па ми е потребна пудра со која ќе ја мешам и оваа некако ми фаќа око мислења?
Ве молам предлог за лесна пудра , која има добра покривност за кожа склона на акни, за комбинирана кожа . Многу ми е битно да е лесна ..
Јас ја користам задоволна сум од неа само нијансите не се нешто wow. Има средна до висока покривност и трае цел ден дури после 6 7 саати ми светнува т-зоната.