Да прашам за пудрите Ревлон. Гледам во Зегин има ама на нив пишува нормална до сува кожа. Ме зачуди дека јас за комбинирана(и порано кога ми беше повеќе мрсна) ја имам користено и ми одговараше. Прашањето ми е има Ревлон за сите типови кожа и во аптекава случајно останале само овие за нормална/сува кожа?! Може глупо ми е прашањето ама се зачудив дека само такви имаше
Мене ме фати меракот за ревлон, таа за нормална до сува кожа каде би ја нашла на друго место ама да не е зегин и која ѝ е цената?
Ревлон ја има во сите парфимерии, во ДМ не ја видов, ама може и таму да прашаш. А мислам дека во парфимериите е поскапа и последно знам држеше цена докај 750ден.
@x.Daisy.x како ти е пудрата од wnw? Колку повеќе минува време мене ми станува сè поголема катастрофа. Штета зашто беше солидна на почеток. Џабе трае и не масти, кога на лицето изгледа како малтер под влага. Избива на некои места како чуден слој (иако ставам многу мала количина), баш исто како Фејсфинити од МФ, со таа разлика што оваа од wnw има далеку полесна формула. И не можам да го сварам тоа што ич не легнува убаво кај порите ниту со саглам прајмер (го имам тој од Dr.Brandt, pores no more), па мора да се маскирам со камена пудра, а немам потреба за неа во последно време. Ќе ја баталам, многу ме нервира.
На Алверде добри ли се пудрите? За сува кожа ми треба, знам оти се бесглутенски и природни. Се мислам дали да купам. Има и некоја со коректор плус, не знам која да ја земам.
За сува кожа се супер. Таа што е пудра и коректор 2во1 е добра за комбинирана кожа , пробај некоја од останатите
Од ревлон пудрата има ли за посува кожа ,нормална до сува , сакам д земам таква,ја видов во зегин 590 намалена ,некако катрис хд почна да ми прави брунчиња на лицето.
Пиша @Mishela само 2 верзии се. За нормална до сува и за комбинирана. Затоа ако ти е сува кожата земи си за нормална до сува.
А знае ли некоја до кога се на попуст Ревлон Колорстеј пудрите во Зегин? Зар уште трае акцијата? Би било супер да искористам можност и јас. Леси се враќа дома.