Мислам дека одговара на сите типови, лесна била не осеќа и покривна исто. Мислам дека ја видов во дм, ќе идам да видам со нијанси како се.
Бидејќи изгледав околу 5 видеа поврзани со новата пудра на Лореал, ќе ви пренесам заклучоци од рецензиите. Пудрата одговара на сува и нормална кожа, а на тие со мрсна им светеше доста лицето и им изгледаше доста лошо, на некои места како нерамно распоредена, со делови каде скрос се имаше изгубено. А и има логика, бидејќи пудрите што не се со мат финиш се помалку долготрајни на кожата. Од друга страна тие со нормална и сува кожа беа доста задоволни.
Јас имам сува кожа ја имам пробано и сметам дека не е за сува кожа. Можеби е идеална за комбинирана....пудрата е супер за жал мојата кожа не ја сака едит: ја имам пробано и новата и старата и да ви кажам само амбалажата минимално е различна
Бидејќи не е дозволено рекламирање и продавање на форумов, ако имат некој заинтересиран за оригинал пудра The Ordinary serum foundation нијанса 1.2 Y, НОВА, нека ми пише ПП...ако не е мислењево за тука слободно нека биде преместено
Прашање до оние девојки коа имаат прилично светол тен. Обично многу тешко погаѓам нијанса на пудра а секогаш ја зимам најсветлата и значи секогаш ми е темна..Loreal mat 11 ми беше темна,Manhatten 80sand,catriceHD 10, и сега ја земав Aura cover me 101 најсветлата и таа ми е темна а премногу ми се свиѓа текстурата. Дали може да се осветли некако истата?? Сум пробала со коректор ама не е тоа тоа,изгледа како да имам превише ставено пудра онака пренападно во споредба со вратот ..Не сум многу вешта па ако имате било каков советво врска со ова би ми помогнало секако.
Јас ја земав новата на лореал и овие неколку денови ја користам можам да кажам ми се допаѓа. Ми требаат околу 2 ипол испумпувања за да го покријам лицето. Лесна и доволно покривна, ја сетирам со камена пудра и ми е долготрајна (дури и после 8 часа изгледаше преубаво). Мојата кожа е комбинирана и досеа баш убаво изгледа, не светнувам.
Имав пишувано во некоја тема за осветлувачот на Alverde. Ја осветлува пудрата и не ја менува текстурата. Побарај во dm. Мислам имаше и на Catrice осветлувач, ама не сум сигурна, немам користено.
За девојката што бараше посветла нијанса од пудрата на Мејбилин суперстеј, денес ја најдов во ДМ 03 True ivory, доста е посветла од 10 Ivory.
Го зедов пред 2-3 недели, сменето е пакувањето, а и ми се гледа како порозово од старото. Го немам ова пробано уште. Побарај го како на сликава, а кога го купував (во dm Веро-Џамбо) беше последно..
Zdravo devojki. imam problem stvarno so tecna pudra za lice. liceto mi e premnogu suvo. koga ke stavam krema liceto e ok no ako stavam pudra se susi.koja bi mi bila soodvetna.pozdravce
Од осветлувачот на пудра се става директно во шишенцето или пред секое нанесување го ставате? Која му е цената?
Јас го ставам пред секое нанесување, најчесто на рака прво нанесувам потребна количина на пудра, додавам осветлувач и мешам со четка. Треба точно да го погодиш соодносот само. А за во шишенце директно, можно е да не се соедини убаво. Конкретно овој осветлувач на Алверде не е скап, до кај 200 мислам е.
Би ве замолила да ми предложите течна пудра за лице што добро покрива до околу 400 денари. Имам мрсна кожа, па досега најмногу сум задоволна со мат пудра. Фала ви!
Пробај ја на Catrice, таа со пипетата. Околу 470 беше мислам, баш за мрсна кожа е, мат е и има солидна покривност.