До таа цена види ја мат пудрата на Голден роуз, лонгстеј мат мислам беше. А за нешто поскапа би ти ги препорачала Катрис хд или Мејбилин суперстеј која е сега на попуст. Двете се под 500 ден.
AURA cover me е исто прекривна мат, мислам еоколу 350 ден. Истиот проблем го имам, ја користам насветлата нијанса.. Пудрата стварно вреди за парите.Мене ми е ств темна и како на портокалово мава малце сакам да пробам со осветлувачотна алверде што ми го препорачаа па ќе ти кажам искуство.
Ако ви треба многу светла нијанса на течна пудра, Maybellibe fit me имаат ептен светла нијанса и добра е пудрата.
Има некој искуство со пудрата на Evelinе all day ideal stay? Ја видов во Дм околу 300 беше не сум слушнала за неа до сеа.
@Harper Ingrid ideal matt е најдобра за масна кожа. Има висока покривна моќ, покрива речиси се, не се вовлекува во пори и не истакнува суви делови. Мат ја држи кожата повеќе од 8 часа што за мене е одлично бидејќи ретко кога го сетирам лицето со пудра во прав. Единствена маана е што оксидира малку па мора да се внимава при избор на нијанса.
Јас имам комбинирана кожа со многу масна т-зона и нормални образи, мислиш ли дека ќе ми одговара? Фала ти
Втората ја имам користено, имам сува кожа и не ми одговараше. Ги истакнува сувите делови и на лицето ми изгледаше како брашно, воопшто не легнуваше убаво.
Ги имам користено и двете, имам комбинирана кожа. Втората не ти ја препорачувам, мене ми беше премногу мат и прашкаста, можам да замислам тебе. Првата мислам дека ќе ти одговара, дава поприроден, dewy изглед, но не е многу покривна (ако бараш целосна покривност) и малку оксидира.
Здраво девојки, дали некоја имала искуство со овие две пудри? Која е разликата меѓу нив и која би била посоодветна за комбинирана кожа? Благодарам
^^ Сите пудри што ги имам користено а се наменети за сува кожа не ми одговараа. Чудна работа :/ Од друга страна, првата на макс фактор, иако не се води за сува кожа, ептен убаво ми легна на лице. А Буржуа немам користено, ќе пробам со тестерче. Фала ви на сите.
@lovestoneddd И јас имам сува кожа и би ти ја препорачала Time plus. Ако ја немаш користено, пробај со неа, мислам дека ќе ти одговара
Оксидира ли во шишето? Јас мислев да ја купам ама се плашев да не ми смени структура уште во шишето додека е.