Јас моментално ја имам првата, ја купив пред некоја недела и искрено не сум посебно импресионирана, за жал. Никогаш немам користено ниеден продукт од Римел, и ова ми е првото, и искрено негативно искуство Пудрата не покрива ништо, иако се приметува дека имаш нанесено слој. Освен тоа е многу течна, што мене не ми се допаѓа, скоро како водеста. Јас направив грешка што не ја истражив како што треба. Ја земав од ДМ на попуст за околу 390 денари, таму ја пробав, ја нанеснов на носот и ми изгледаше океј, ама после тоа е друга приказна. Јас имам мрсна кожа, па можеби на комбинирана подобро ќе изгледа.
Па затоа што таа со плаво капаче е за сува кожа, а таа со црвено за комбинирана ако немаш што да покриеш.
Здраво Сакам да прашам која е разликата меѓу овие 2 пудри на лорејал и која е подобра..мојата кожа на лице е нормална
True Match е (според мене) повеќе за сува-нормална кожа, а Infallible е малку посува, има полумат финиш и мислам дека е подобра за комбинирана, па до некаде и масна кожа. Мене попокривна ми беше Infallible, ама True Match стои многу поубаво на кожата, не се познава дека на лицето има пудра. Види која повеќе ќе ти се допадне, јас мислам дека и двете ќе ти одговараат.
Ви благодарам.уште утре ќе одам да видам бидејќи сега се на попуст можам и двете да си ги купам.Во секој случај ви благодарам
Да, и јас ја користам на комбинирана кожа со масна т зона. Исто многу сум задоволна, пријатна е на лице, само на т зоната ставам и камена пудра
Јас ја имам користено Radiant Natural Fix, многу убава пудра. Мојата кожа е комбинирана и супер "легнуваше" и покриваше. Не мрдаше додека не ја измијам. Плус, не содржи парабени. Ја препорачувам. Јас со нијансите имав мака. Најсветлата ми беше пресветла, а наредната розеникава. Сепак, нема да погрешиш. 9/10
True match мене повеќе ми се допаѓаше иако имам мрсна кожа , другата не ми стоеше добро на лицето и нијансите ми беа чудни. Обавезно да си пробаш која и да ја земеш
Препорака за пудра,имам прилично сува кожа и што користите како подлога пред да нанесете пудра? и цена ако може отприлике на пудрата
Јас ја користам catrice hd и супер ми е, имам комбинирана кожа. Само што малку оксидира после некое време, но не премногу.
Девојки препорачајте ми пудра за мрсна/комбинирана кожа, со средна до висока покривност ама да не е тешка на лице бидејки ќе ја користам за секакви пригоди. Може и да има мат финиш, нема да пречи. Досега потрошив 3 шишенца катрис хд, сакам да сменам малку ми се здосади. Цена до 500-600 ден макс и по можност да ми кажите ако ја има било каде на акција или попуст по повод празникот да ја земам. Шта чу, финансии
Каде ја има катрис хд и која цена е? Одамна ја меркам тука по форумов мн ја фалат. Имам комбинирана кожа
Дали оваа пудра на seventeen e за мрсна или сува кожа, односно дали го суши лицето, бидејќи имам сува кожа дали ќе ми одговарА? Ми се свиѓа, бидејќи е многу лесна тамн за лето.